Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Мехмедовиќ: Сè уште сме во зона на ниска вирусна активност, ситуацијата е прилично стабилна, нема ништо драматично

Ништо изненадувачки, се е во рамки на очекуваното за овој период од годината, рече доктор Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заразни болести, во вечерашната „Топ тема’“ на ТВ Телма, во врска со содржината на најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Ова не е периодот од годината во кој го очекуваме пикот на вирусните болести. Доколку сега сметате дека болниците и амбулантите се навистина полни, а не се, замислете што ќе биде на крајот на февруари и почеток на март, кога се очекува кулминација на пикот на сезоната со грип“, истакна доктор Мехмедовиќ.

Бројките, нагласи тој, укажуваат дека има зголемување во однос на минатата недела, но, како што потенцира, сè уште сме во зона на ниска вирусна активност, што значи 50-тина на 100.000 луѓе кои се заболени со грип или болест која што наликува на грип.

„Илјада и 200 случаи на грип се регистрирани од почетокот на сезоната 2023/24. Од 600-тини материјали кои што се стигнати во ИЈЗ, мислам дека само 29 се позитивни на грип, кај останатите не е изолиран грипот како причинител, туку се работи за болести кои што наликуваат на грип. Ковидот е изненадувачки во опаѓање, бројките се намалени за 10 проценти. Од заразните заболувања доминираат варичелата и тоа прилично, 66 проценти од сите заразни заболувања кои ги склучуваат ковидот и грипот се должат на варичела, алиментрани интоксикации кои најчесто се бактериски, ретко се јавува некаде и шуга“, појасни доктор Мехмедовиќ.

Ситуацијата, додаде тој, е прилично стабилна, апсолутно за овој период од годината и нешто е што било со години наназад и ништо драматично не отскокнува од онаа крива на заразни заболувања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе