Uncategorized Свет Топ вести

Нов напад врз Хутите во Јемен извршен утринава од американската војска

Нов напад врз Хутите во Јемен беше извршен утринава од американската војска. Централната  команда на САД истакна дека утринава била нападната локација на која се наогал радар на Хутите. Нападот го извршил поморскиот разурнувач ,,Карни’’ со ракетите Томахавк. Во главниот град на Јемен имало силна експлкозија. Си-Ен-Ен пак јави дека нападите биле значително помали од претходната ноќ.

Хутите велат дека нема жртви во овој напад. Официјалниот претставник на хутите, Насрулдин Амер вети силен и ефективен одговор на овие напади.

САД велат дека овие напади се со цел да се намали способноста на Хутите да ги напагаат бродовите во Црвеното море.
Бајден изјави дека Вашингтон ќе одговори на Хутите доколку продолжат со „безобразното“ однесување.

„Не е важно дали тие се назначени. Собравме група нации кои ќе кажат дека ако продолжат да дејствуваат и да се однесуваат како до сега, ќе возвратиме. – вели Џо Бајден претседател на САД.

 Помошникот генерален секретар на ОН за Блискиот Исток, Азија и Пацификот, го повика Советот за безбедност да продолжи со напорите за спречување на ескалација на новонастанатата ситуација

„Овие случувања во Црвеното Море и ризикот од влошување на регионалните тензии се алармантни. Хутите нападнаа по усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност, а вчерашните настани дополнително покажуваат дека регионот е на опасна ескалаторска траекторија која потенцијално може да влијае на милиони луѓе во Јемен, регионот и на глобално ниво.

Го повикуваме овој совет да продолжи со своите напори за активно ангажирање со сите засегнати страни за да спречи понатамошна ескалација од влошување на регионалните тензии или поткопување на регионалниот мир, безбедност или меѓународната трговија”. – истакна Калед Киари, помошник генерален секретар за Блискиот Исток, Азија и Пацификот.

По жестоките напади група демонстранти своето незадоволство го изразија преку протести пред британската амбасада во Иран доцна вчера. Тие ги осудија нападите на Обединетото кралство и САД палејќи ги британските, американските и израелските знамиња .

Марија Коцева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Одложено рочиштето за Мерко за набавката на службеното Ауди

Дејан Дејан

Ентони Блинкен до Си Џипинг: Поддршката за руската одбрана ја загрозува европската безбедност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе