Вести Култура

Русалиски музеј во струмички Секирник

Стари садови, покуќнина, облека, парчиња накит, оружје, но и документи. Мал етно музеј собира Ѓорги Петров, професор во средното училиште Никола Карев, но и горд наследник на рускалиската традиција во Секирник. Овој млад човек не се двоуми да помине и стотици километри ако некој му понуди на подарок или по чесна цена некое старо парче, полно приказни и историја.

Овој кус одговор содржи сѐ што треба да знаете за силниот жар да се сочува дел од некогашниот живот на претците, од традицијата. Почнал спонтано, но му се чини дека пораката на дедо му да го чува бежанскиот и русалиски дух имале силно влијание врз таа одлука.

Русилскит игри се традиција што ја донеле бежанците од Егејска Македонија и ја сочувале до денеска. Ѓорги чувствува силна приврзаност кон неа бидејќи токму дедо му е еден од тие луѓе то ги предводел Русалиите во Секирник.

Меѓу сите други нешта има и мошне стара русалиска облека. А поновата, онаа неговата, со радост објаснува од што е составена.

Необично хоби за толку млад човек, но, можеби токму младоста му го дава поттикот овој мал етно музеј, кој во моментов е сместен во неговата родна куќа во Секирник забрзано да расте. Затоа Ѓорги размислува да му даде поголем простор но и поголема видливост за да можат локалните жители, па и гости добронамерници да се запознаваат со животот во овој крај од почетокот на 20 век, како и културно наследство кое се сочувало и се негува меѓу секирничани, наследниц на бежанците од Егејска Македонија.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе