Вести Култура

Вевчанскиот карневал годинава поддржан од државата со 1, 8 милиони денари

По две години без поддршка од Министерството за култура, одржувањето на Вевчанскиот карневал годинава ќе биде финансирано од државата со 1, 8 милиони денари. За таа цел, министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска и градоначалникот на Oпштина Вевчани, Спасе Кочовски , денеска потпишаа договор за финансирање на оваа најстара карневалска манифестација во земјава и воедно наш бренд, за кој има интерес и во регионот и во светот. Според градоначалникот Кочовски, Вевчани е најмалата општина во Македонија, со недоволен буџет, па секоја поддршка за карневалот е добредојдена. А, придобивките на Вевчанскиот карневал се препознаени и затоа министерството останува негов доследен партнер, кажа министерката за култура.

(изјава: Бисера Костадиновска- Стојчевска, министерка за култура)

  • Карневали има во речиси сите европски земји. Но, интересот за вевчанскиот, како обележје на овдешната култура и како туристичка атракција не стивнува. Вевчанци имаат посебен дух и гостопримство, посебна креативност , духовитост и критичен однос кон општествените случувања, што од година во година стануваат сѐ попривлечни и атрактивни за светските медиуми и гости од регионот и од Европа. Сите овие придобивки Министерството за култура ги препознава и останува доследен партнер на оваа манифестација, рече министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска.
  • Општина Вевчани е најмалата општина во Македонија. Може да се каже и во Европа. Едно населено место сме ние со 2, 5 000 жители. Буџетот е онаков , каков што е. Меѓутоа , секоја поддршка е добредојдена. Се надевам континуитет ќе има. Вевчанскиот карневал вреди да биде поддржан не само од Министерството за култура. Тука се надевам дека ќе има спонзори од заинтересирани фирми што се од Македонија, кажа градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски.

Вевчанскиот карневал традиционално се одржува за празникот Василица, од 12 до 14 јануари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе