Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Уметноста со моќ за обединување на луѓето и враќање на насмевката на нивните лица

Со песна во миговите во кои се тажи, но и во оние во кои треба да се радуваме низ сиот раскош на македонскиот фолклор. „Фолклорно – класична симбиоза“ музичка фузија на две различни традиции – класиката и фолклорот. За првпат во поновата македонска историја, Националната опера и балет и „Танец“ годинава прозвучеа заедно, со над 130 учесници на сцена.

„Лично за мене беше голем предизвик, затоа што преку партитурите кои јас ги изработив практично ги споивме двата оркестра, двата хора и она што го изведоа играчите на сцената. Беше долго и работно лето и сето тоа помина во најдобар ред. За првпат во 74 години од постоењето на „Танец“ ние заедно настапивме на иста сцена со колегите од Националната опера и балет. Можеби тоа е момент на кој сега и не гледаме со некое големо значење, но времето ќе покаже дека било важен момент затоа што за прв пат овие две национални институции се споија на иста сцена“, изјави Дарко Илиевски, истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на „Танец“. 

За речиси сите концерти на „Танец“ билетите беа распродадни веднаш. Различни генерации посетители и за концертот во чест на Васка Илиева, со кој беа одбележани 100 години од раѓањето на доајенката на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачки на народна музика.

„Годината која што измина беше полна со предизвици. Некои беа креативни, некои, пак, најмалку очекувани. Се надевам дека во нашата средина ќе се научиме да се радуваме на успехот на другиот“, вели Стефковски. Човек треба да ги памети убавите нешта, публиката знае да вреднува. По што тој ќе ја памети 2023 година.

„Секако концертите на Биг бендот на ЗЏМ, фестивалот кој го организиравме на Денот на џезот. Во суштина најубаво е што сами создаваме наша продукција и мислам дека тоа е за почит пред се за колегите музичари кои свират во Биг бендот“, вели Гоце Стефковски, директор на Оркестар за џез музика

За Џијан Емин концертот со Роџер Ино и настапот за отворањето на Скопскиот џез фестивал со норвешките џез ѕвезди Јан Банг и Арве Хенриксен, заедно со оркестарот F.A.M.E.S се настаните кои ќе се паметат. Годината ја заокружи со седум последователни концерти во Дубаи во ЕХПО сити,  каде соработуваше со македонски музичари, дел од Здружениото на џез музичари, дел од гудачкиот ансамбл на Опера и Балет и детскиот хор под раководство на Вера Ангелова.

„Тематиката беше божиќни песни. Но тоа не беа детски песни познатите Jingle Bells кои беа изработени во поинтересни џез аранжмани, снимени со оркестар од 40 изведувачи, двајца пеачи од Лондон, една пејачка од Манчестер и една од Либија“, изјави Џијан Емин, диригент и композитор.

Во ова брзо темпо на живеење, токму уметноста ја има моќта да не обедини, за миг да заборавиме на сивилото во нашето секојдневие, да ни ја даде мудроста за понатаму, но и да се потсетиме да се радуваме на само навидум малите нешта.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе