Култура

Праизведба во Драмски за залудните самоубиства во име на идеалите

Драмскиот театар од Скопје ја заокружи програмата за оваа година со синоќешната праизведба на текстот „ Падот на Масада“ од Венко Андоновски. Во време на пораст на самоубиства во светот, претставата зборува за залудното саможртвување во име на разни идеалите. Ја постави режисерот Дејан Пројковски.

Праизведбата на текстот на Венко Андоновски , е базирана на историски настан за падот на тврдината Масада, како завршница на Првата еврејско -римска војна од 73 година, од новата ера. Започнува со меѓусебни убиства и самоубиство кај еврејските бранители , за да не паднат во рацете на римските легионери, а продолжува со примери низ епохите за самоубиства во име на разни идеали.

  • Јас сакав да направам тука мала ресемантизација. Знаете, многу работи изгледаат како хероизам, а не се тоа, кажа авторот на текстот, Венко Андоновски.

Поставена во камерен формат, врз драматизација од шест сцени на есеите на Андоновски, претставата е конципирана во постмодерен стил, во кој се мешаат тоталниот и епскиот театар на Брехт. Жанрот е фарса, а петмината актери играат повеќе рољи.

  • Си поигруваме со жанровите, со стиловите. Но , она што мислам дека е многу важно, дека всушност претставата би рекол на крајот дека е химна на животот, вели режисерот Дејан Пројковски.
  • Трансформациите си се следствени, иако следат една линија на лик. Тоа е многу интересно, лик кој што се преплетува од историјата до сегашноста, вели актерот Александар Степанулески.

Покрај Степанулески, во овој театарски чин за ерозијата на вредности, настапуваат и Рубенс Муратовски, Филип Трајковиќ, Емилија Мицевска и Јелена Жигиќ. Таа, со овој проект одбележа 3 децении професионална кариера.Сценографијата и костимите се на Тино Светозарев, а музиката е на Горан Трајковски. Да уживаме во малите нешта во животот, е новогодишната порака на авторот Андоновски.

  • Да не подготвуваме терен за нешто херојско, епско, возвишено. Но, и да не паѓаме во банално. Да се одземе живот за банална работа, кажа авторот Андоновски .

Со „ Падот на Масада“, Драмскиот театар успешно ја заокружи програмата за работа, за оваа година.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе