Култура

Кастриот Реџепи со месеци не закажува второ читање на Законот за употреба на македонскиот јазик

Закочена е постапката во Собранието за носење на новиот Закон за употреба на македонскиот јазик. За него се одржаа консултативни средби во Собранието, помина јавната дебата и првото читање пред членовите на собраниската Комисија за култура. Но, претседателот на Комисијата, Кастриот Реџепи , од непознати причини не го става овој закон на второ читање пред Комисијата, кажа министерката за култура на денешниот брифинг.

  • Веќе трет месец , претседателот на Комисијата за култура , Кастриот Реџепи одбива да ја закаже Комисијата за култура , за да може законот да го помине тоа второ читање. И за да може да биде ставен на Пленарна седница, за да се изгласа, рече министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска.

На апелите на министерката, Реџепи останал глув, па членовите на Комисијата за култура се обратиле до собранискиот спикер Џафери, за откочување на постапката. А, културата во 2024 година ќе располага со вкупен буџет од 74 милиони евра. Во него се предвидени пари за плати, за Годишната програма , Агенцијата за филм, УЗКН и за капитални инвестиции.

  • Буџетот го проектиравме според она што е потрошено. Онаму каде што не се реализираа некои проекти, вративме пари, каде не. Така го проектиравме оваа година, рече министерката Костадиновска- Стојчевска.

Како оваа, и следната година фокусот на поддршката е кон младите уметниците и заштитата на културното наследство. Министерката очекува формирање фонд за заштитарството , согласно новиот Закон за игри на среќа, кој го помина првото читање во Собранието.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Долго собирам материјал, а потоа пишувам во манично – трескавична состојба, открива Дејан Дуковски автор во фокусот на „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе