Вести Забава Култура

Актерот од Оскаровецот „Паразит“ пронајден мртов во својот автомобил

Почина јужнокорејскиот актер Ли Сун-кјун, најпознат по улогата во филмот „Паразит“ награден со Оскар, соопштија јужнокорејските служби за итни случаи. Според извештајот, Ли Сун-кјун бил пронајден мртов во автомобил во парк во центарот на Сеул во средата.

48-годишниот актер бил пронајден откако неговата сопруга го пријавила за исчезнат и пронашла белешка во куќата која изгледала како проштално писмо, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, а пренесува Гардијан.

Актерот бил под полициска истрага за наводна употреба на марихуана и други психоактивни супстанци.

Полицијата го испрашувала Ли три пати, вклучително и 19-часовна сесија за викендот. Актерот тврдел дека го измамила шанкерка која наводно го убедувала да се дрогира, а потоа се обидела да го уценува, пренесува Јонхап.

Јужна Кореја има строги закони за дрога, а престапите поврзани со дрога обично се казнуваат со најмалку шест месеци затвор, додека повратниците и дилерите може да бидат осудени на затворска казна до 14 години.

Тој накратко разговараше со новинарите кон крајот на октомври пред да влезе во полициската станица Инчеон за да се сретне со истражителите.

„Искрено се извинувам што на многумина им предизвикав големо разочарување со учеството на таков немил настан“, рече тогаш тој и додаде: „Жал ми е за моето семејство кое минува низ толку голема болка во моментов“.

Дипломиран на престижниот Национален универзитет за уметности, Ли го имаше своето актерско деби во 2001 година во телевизискиот ситком The Lovers.
Подоцна доби пофалби за неговите извонредни изведби во различни улоги, но е најпознат на глобално ниво по улогата на богат и плиток патријарх во филмот на режисерот Бонг Џун-хо, кој доби Оскар „Паразит“ во 2019 година.

Починатиот актер го остави сопругата Џеон Хје-Џин и двата сина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Полицијата застрела вооружен средношколец во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе