Вести Култура

Ангеловски, Тодоровски, Мјаку и триото К-15 заедно со Албанскиот театар добија ордени и признанија за заслуги за Републиката од Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски вечерва на свечена церемонија во Даут-пашин амам ги додели признанијата Орден за заслуги, Медал за заслуги и Повелба на Република Северна Македонија.

Со Орден за заслуги, претседателот Пендаровски ги одликуваше глумците Гоце Тодоровски, Коле Ангеловски и Бајруш Мјаку.

Гоце Тодоровски е одликуван заради исклучителен и неповторлив придонес во развојот, популаризацијата и афирмацијата на театарската уметност. Тодоровски на средбата со претседателот Пендаровски, што беше прикажана на свеченоста, рече дека орденот за заслуги ќе го носи во срцето.

Коле Ангеловски е одликуван за неговата 60-годишна богата уметничка кариера како една од најкомплексните фигури на македонскиот театар и филм. Ангеловски во обраќањето рече дека ова е големо признание за него.

Бајруш Мјаку е одликуван за неговата тридецениска кариера како еден од најзначајните актери во современиот македонски театар. Пред присутните тој рече дека кога одлучил да студира глума, верувал дека избрал привилегирана и племенита професија која ќе ми донесе слава, но кога почнал да работи како актер во Албанската драма при Театарот на народности во Скопје, сфатил дека актерството не е професија, туку мисија.

Медал за заслуги им беше врачен на Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Лупчо Каров.

Каров е одликуван за неговиот авторски придонес и за учеството во хумористичното шоу „К-15“, за сиот ангажман во радиото и телевизијата, за придонесот кон македонската музика, но и за неговиот граѓански активизам и за вклучувањето во зачувувањето на животната средина. Огњановски и Тодоров се одликувани за хумористичното шоу „К-15“, преку коешто пренесуват уникатна социјална, политичка и економска сатира за состојбите во македонското општество.

Признанието Повелба на Република Северна Македонија му беше доделено на Албанскиот театар за седумдецениското постоење низ кое се етаблирал во една од водечките уметнички институции којашто остварува значајна културна, образовна и естетска дејност во македонското општество.

Пендаровски во своето обраќање истакна дека вреднувањето на она што поединци и институции му го оставаат во наследство на својот народ, особено кои со своето дело го имаат задолжено општеството на кое припаѓаат, е обврска и одговорност на секоја сериозна држава, но и чин кој сигурно не е само од протоколарен карактер.

Ние сме мала земја, но можеме да се пофалиме со исклучителни личности, автори, креативци во многу области на општественото живеење, посебно во културата и уметноста. Во изминатите четири до пет години од мојот мандат имав можност да доделам значаен број на признанија и одликувања на исклучителни поединци и етаблирани институции. За жал, во некои случаи тоа беше постхумно или задоцнето, затоа што и кога постои волја, не можете во само неколку години да го исправите тоа што не било направено со децении, меѓутоа најбитно е тие личности и институции од својата држава да не бидат заборавени, рече претседателот Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Протести во Грузија : Полицијата употреби шок бомби и солзавец

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе