Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Кацарска: Ничие право не се ускратува со тоа што не се впишува националност во изводите од матичните книги

Националната припадност е лично чувство и никој не смее никого да принуди да ја открие со внесување во извод од книгите на родени венчани и починати, смета претседателката на Уставен Добрила Кацарска која откри дека преку венецијанската комисија добила потврда дека ние сме единствена земја која има графа националност во овие документите. Ничие право не се ускратува со тоа што не се става националност во изводите, смета Кацарска, откако минатата недела Уставен поведе постапка за законот за матична евиденција. На новинарски прашања дали по таа логика неуставни се и вработувањата според национална припадност, Кацарска децидна дека додека е таа претседател на Уставен, такви огласи немало. Вели се бираат најдобрите.

Законите поврзани со изградбата на коридидорите што ги градат „Бехтел&Енка“, Кацарска очекува да се најдат на седница по празниците и тогаш судиите ќе се произнесат дали ќе се поведе постапка или не. За следната година на Уставен му останува да одлучи и за други актуелни прашања, како што се измените на Кривичниот законик (КЗ), законот за солидарен данок, но и законот за јазиците кој требало да биде ставен на седница уште во октомври, но судијката што го работи предметот се уште не го предала.

Одлуката за укинување на членови во законот за плати на функционерите предизвика најмногу реакции и последици годинава. Платите на функционерите пораснаа и до 78 отсто, а повисоки плати на протести бараа и административците. Кацарска вели дека Уставен одлучува за усогласеност на законите со Уставот и не е надлежен да ги цени финансиските импликации, но секако и заштедиле на државата милионски суми во тужби од поранешни функционери, со тоа што ги укинале, а не поништиле конкретните законски одредби.

Годината што изминува за Уставен била плодна и динамична, а судот бил ажурен и покрај тоа што работеше во нецелосен состав и до денеска фали сè уште еден судија, сумираше претседатеката Кацарска на завршната конференција. Одржани биле рекорден број, 46 седници и примени 210 иницијативи. Судиите донеле 25 одуки за укнување на закони, во 37 предмети изразиле сомнеж за неуставност и повеле постапка за 65 иницијативи, констатирале дека оспорените акти се во согласност со законите и Уставот. Најголем предизвик остануваат барањата за слободи и права на граѓаните и воведувањето уставна тужба за која се потребни уставни измени. Кацарска истакна дека уставната тужба ни е итно потребна во дека политичарите не се заинтересирани.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе