Култура

BACK TO MKC 1993 – 2023

Целата наша музичка кариера беше своевиден предизвик. Сепак најголемиот предизвик беше да се остане во игра, затоа што низ годините нештата се променија и можам да кажам дека сме еден од ретките рок бендови кои продолжија да пркосат, вели Давор Гобац.  Со концертот на легендарната хрватска група Психомодо Поп во Младинскиот културен центар продолжи одбележувањето на јубилејот 30 години Авалон.

Се сетивме на тие концерти тоа беше 1994. За време на војната ние бевме прв хрватски бенд кој дојде да свири во Македонија кога имаше војна кај нас. И знам дека дури после нас дојде Мишо Ковач. Свиревме тука два концерта и тоа беше распродадено, беше одлично и еве по триесет години подоцна на исто место,вели Давор Гобац. 

Годинава одбележувате јубилеј 40 години постоење…

Да кој би рекол. Годинава одбележуваме 40 години постоење и не знам колку години од првата плоча и повторно е „Годината на змејот“ 2024, имаме нов албум, на винил ќе излезат четири лајв од различни периоди на бендот, ќе излезе и документарен филм кој го работи нашиот режисер Гонзо и ќе биде објавена книга со фотографии од сите периоди на бендот, додава Гобац.

Во рамките на проектот „Враќање во МКЦ 1993 – 2023“ е поставена и изложба низ која се разоткриваат сите активности кои датираат од раните 90-ти и го опфаќаат целокупното делување на Авалон во Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

Јас сум израснал во МКЦ, јас сум од таа генерација која во 1979 та година сум доаѓал во МКЦ еднаш неделно, без разлика кое жанровско име кога музиката беше многу поквалитетна од денеска, значи дали биле Азра, дали биле Панкрти и  Леб и сол свиреа овде, група Боа, Бајага и инструктори. Јас сум израснал тука, нормално беше да почнеме од тука и да после 30 години да се вратиме во МКЦ, рече Бобан Милошески, Авалон Продукција .

Со концертот на Бајага и Инструктори во сабота се заокружува одбележувањето на 30 годишнината на Авалон Продукција.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе