Вести Култура

Со мултимедијалната изложбата „Форми на системот“ Аџиевски го разоткрива корумпираниот судски систем

Борба на уметноста и културата во охрабрување на граѓанската акција против корупцијата. Во централниот дел на галеријата каде се изложени делата на Иван Аџиевски е стилизираната претстава на Јустиција, божицата на правдата која ја разоткрива перцепцијата на авторот за корумпираниот судски систем, каде што правдата е на маргините.

Граѓанинот може да види слики на кои се поставени тие законски регулативи, законски статистики, но исто така и пораки од мислители кои имаат за цел да предизвикааат влијание да размислат за фактот дека секој може да делува таму каде што ќе забележи корупција. Божицата на правдата која што е поставена на оваа изложба како скулптура е изработена од инокс кој што е кородиран и сака да се постави како кородиран коруптивен систем и симболика дека правдата и не така постои во оваа држава и на тоа треба да се работи, порача аџиевски.

Важно е да се подигне свеста за интерсекторската соработка, смета Аџиевски, па макар и меѓу уметниците и сите останати сектори во насока да се постапува во спречување на ова општо зло кое директно ги засега човековите права и e пречка за евроинтеграција.

Затоа и корупцијата е феномен. Ние имаме прекрасна законска регулатива во РС. Македонија, фантастична законска регулатива, подзаконска регулатива. Зошто тоа се употребува или не се употребува како што треба, кои се тие центри на моќ кои предизвикуваат така да функционира системот треба навистина да се размисли оваа изложба да биде пример, рече аџиевски.

Во уметничката дејност на Аџиевски кој по професија е правник се вбројуваат три самостојни изложби. „Форми на системот“ е мултимедијална концептуална изложба во која преку ликовната уметност, скулптурата и инсталациите, како и видеопроекција се прави обид на пошироката јавност да ѝ се покаже критицизам на реалната состојба на коруптивниот неправичен систем со праќање порака за надминување на таквата состојба.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбележување на 75 години од постоењето на најстариот Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Македонија

Дејан Дејан

Прво обвинение за осомничените соучесници, а подоцна и за Палчо

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе