Култура

Потребни се промени на културните политики за заживување на книжевната продукција во Македонија

Потребни се промени на културните политики, за заживување на книжевната продукција во земјава, велат писателите учесници на денешната трибина „ Книжевната сцена во современиот културен контекст“. Според учесниците, неопходни се повеќе сретства кои Министерството за култура ќе ги издвојува за одобрените книги на годишниот конкурс, формирање Агенција за книга како посебно тело што ќе се грижи за промоцијата на домашната литература во странство, но и поврзување со музеите и библиотеките во Македонија, за поширока афирмација на домашните автори и дела.

Од пишување книги во Македонија не се живее. Неопходно е Министерството за култура да го зголеми буџетот за издавачката дејност зашто писателите се незадоволни од  сретставата што ги добиваат од годишниот конкурс , независно дали се работи за литература за возрасни или за деца, кажа модераторката на трибината „ Книжевната сцена во современиот културен контекст“.

  • Кога излегуваат резултатите секој од нас е разочаран. Што просто може да се покрие со тие пари? Дали само за печатење, дали само за пост продукција , авторски хонорар…Цела една екипа, тим кој треба да стои зад едно книжевно дело за да се направи тоа да изгледа пристојно, квалитетно и достоинствено, кажа писателката и литературен истражувач Ана Јовковска, од позиција на модераторка на трибината.

Недостасува Агенција за книга, како тело во или надвор од ресорот Култура, што ќе се грижи за финансирањето на објавите и за промоција на домашното творештво.

  • Доста многу ќе се промени , првенствено во смисла на таа промоција на македонската книжевност надвор од границите. Вака сè се сведува на нечиј личен успех, вели писателот и добитник на Европската наградата за литература , Петар Андоновски.

Потребно е и поврзување со музеите и библиотеките , по примерот на отворените врати за промоции на градската библиотека „ Браќа Миладиновци“.

  • Би било одлично кога писателите би патувале на иницијатива на библиотеките од другите градови, во другите градови. И тоа би било покриено од буџетот на самата библиотека, вели писателот и преведувач, Живко Грозданоски.

Современата македонска литературна продукција има релевантни ангажирани дела кои се осврнуваат на актуелната општествено – политичка стварност, кажа авторот и уредник во „ Готен“ , Владимир Јанковски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Спектаклот „Валкира“ од Вагнер за првпат пред македонската публика на 52-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе