Uncategorized Вести Македонија Топ вести

За животот на Вања не стаса ниту понуда за откуп – многу неодговорени прашања за убиството на 14-годишното девојче

Зошто 14-годишната Вања Ѓорчевска била убиена само неполни три часа по грабнувањето, ако намерата била да се бара откуп за девојчето? – Дали, ако планирале да бараат откуп, имале обезбедено логистика, објект каде што ќе ја чуваат, храна, вода? – Истрагата работи на одговор на сите неодговорени прашања за грабнувањето и убиството на девојчето.

Со оглед на тоа што детето беше грабнато во 7:30 часот наутро, а убиено околу 10 часот, се наметнува прашањето како тие знаеле дека јавноста е целосно ангажирана околу потрагата по детето, кога мајката објави на Фејсбук дури во 12:08 часот, два часа по убиството на детето.

Со оглед на тоа што мајката пријавила во полиција во 8:30 часот, дали можеби некој од полиција им дојавил?

Според извори во истрагата, детето било грабнато во 7:30 часот наутро, а било убиено околу 10 часот во атарот на скопското село Бразда. Од центарот на Скопје до таму има возење од околу половина час. Патувањето на убијците траело подолго, во меѓувреме застанале на бензинска да наполнат бензин во канта, со кој подоцна го запалиле украденото возило од претходно убиениот Панче Жежовски.

Локацијата му била позната на осомничениот на убиството Љупчо Палевски Палчо, зашто неговата мајка живее во селото Глуво, речиси споено со Бразда.

Дополнително, се наметнува и прашањето дали на убиецот што ладнокрвно ликвидирал дете, откако пет дена претходно убил друг човек, ова му се први убиства во животот, или раката не му затреперила зашто ова го правел и претходно?

Забуна во мотивите за откуп внесува и материјалната состојба на Палевски. Како, човек кој вртеше милиони евра како градежен бизнисмен во 90-тите, градејќи бројни згради во Дебар Маало стигнал до ниво да киднапира дете за изнуда од десетици илјади евра?

Истражните органи се свесни дека има многу неодговорени прашања, но велат треба да ги одговори истрагата која само што започна.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе