(ФОТО, извор ФБ профил на Кешишов: Палевски и Кешишов)
Љупчо Палевски познат и како Палчо е осомничениот кој според истрагата, стои зад двојното убиство извршено во Велес (каде е убиен 74-годишниот фризер Панче Жежовски)и во Скопје (каде е убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска). Палевски е недостапен и најверојатно отпатувал од државата. МВР и обвинителството не ги соопштија иницијалите и возраста на осомничените, иако вообичаено постојано ги соопштуваат, особено полицијата во своите известувања до јавноста.
Палевски има десничарска проруска партија во Македонија, се занимавал со градежништво, а по меѓународна потерница распишана од Хрватска беше во екстрадициски притвор во Белград. Имаше и свој поткаст.
Меѓу осомничените е и штипјанецот Влатко Кешишов, тој е приведен и уапсен. Трет осомничен е Велибор Манев, кој исто така е приведен.
Притвор се бара и за третиот приведен Боре Видевски од Велес, тврдат извори на Телма од истрагата.
Осомничените имале блиски релации со Палевски-Палчо преку минорната радикална „Десна партија“ и на нивните фејсбук профили имаат заеднички фотографии со Палевски.
Палевски според она што може да се види на неговиот ФБ профил имал објави секојдневно освен на 27-ми ноември, кога според истрагата е извршено киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања.
Во полициска станица е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кој е на распит и е повикан денеска.
Полицијата првично приведе 5 лица, но две од нив се ослободени, а за тројцата се бара притвор. Не се објавени ниту возраста ниту иницијалите. Едно лице е во бегство и недостапно.
Киднапирањето на Вања се случило околу 7:30 часот, а е пријавено еден час подоцна од мајката. Убиството, според соопштението на МВР и Обвинителството, кое се повикувана распит на осомничен е извршено два и пол часа по грабнувањето (90 минути по пријавеното исчезнување) односно околу 10 часот на 27-ми ноември.
Во полициска станица е и таткото на убиената тинејџерка Вања