Вести Култура

Виенскиот Enzi мебел за седење поставен пред КИЦ

По повод промоција на Годината за човекови права 2023 година, а особено настаните како дел од 30-годишнината од Виенската светска конференција за човекови права , во чии рамки беа поставени 20 брендирани парчиња од мебелот за седење Enzi за јавни површини низ цела Виена, Амбасадата на Австрија во соработка со Културно информативниот центар – Скопје, го постави првото  Enzi во Скопје.

Скопје го доби првото парче мебел Enzi, дизајн на архитектите Ана Попелка и Георг Подушка. Мебелот Enzi е заштитен знак на Музејскиот кварт во Виена од 2002 година, таканаречен дворски мебел. Култните предмети кои се своевидно прибежите за одишка на многубројните туристи го добија името по Даниела Енци која беше овластен претставник на Музејскиот кварт до 2012 година. Годишно Музејскиот кварт во Виена го посетуваат над 75.000 илјади вљубеници во уметноста.

  • Триесет години по усвојувањето на Виенската декларација и програма за акција, нашата посветеност да се справиме со предизвиците за човековите права е поважна од кога и да е. Без остварување на човековите права за сите не може да има траен мир и трајна безбедност. Со цел да се промовира годината за човекови права 2023 та година, особено настаните како дел од 30 годишнината од Виенската светска конференција за човекови права 20 брендирани парчиња мебел за седење т.н Enzi беа поставени низ Виена- Мартин Памер, амбасадор на Австрија во РСМ.  
  • Секој оној кој што бил на плоштадот пред MuseumsQuartier и имал можност да гледа во околната архитектура да пишува поезија, да чита поезија или едноставно да седне да се одмори, токму таква прилика ќе имаат и нашите сограѓани кои ќе дојдат во паркот на КИЦ да одморат на оваа клупа Enzi- Антонио Димитров, директор на КИЦ.

Со вечерашниот концерт на  Јелена Попржан квартет  во Културно информативниот центар, Салон 19 19 и Австриската амбасада се приклучува на светската иницијатива против родово базирано насилство.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стари возила, ниски плати и недостиг на вработени – Одбележан Денот на пожарникарите

Дејан Дејан

Грција засега не размислува да го раскине Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Нова измама – Граѓаните добиваат лажни пораки дека им следува паричен надомест од Владата во висина од 100 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе