Вести Култура

Во рамките на третиот „Меѓународен форум на креативни индустрии“ се одржува и дводневниот Саем на креативни индустрии

Со учество на над 20 учесници од регионот и Европа кои дебатират за одржливост и претприемништво во креативните индустрии започна третиот Меѓународен форум на креативни индустрии во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ.

Kако претприемачите да ги преобразат своите бизниси за да ги направат поиздржливи, кои се новите алатки и модели за претприемачите да управуваат со ризиците, кои се можностите за пристап до финансирање, какви политики можат да се спроведат за промовирање на одржливо претприемништво се само дел од темите кои беа загатнати.

Во рамките на третиот „Меѓународен форум на креативни индустрии“  се одржува и дводневниот Саем на креативни индустрии.

-Според мене, а мислам дека голем дел од колегите ќе се согласат исклучително е важно мапирање на креативните индустрии во сите сектори за да знаеме колку работни лица имаме во секоја категорија, нешто што не е направено во последните 12 години кај нас, а знаеме колку брзо се менуваат професиите во денешно време. Немаме ниту категоризација во Агенцијата за вработување, за одредени професии,  така што ако некој е гејмдизајнер не припаѓа никаде во моментов, а е серизна професија од која многу добро се заработува- Елена Бојаџиевска – Цветковска, претседателка на УМПАКИ.

-По втор пат го одржуваме „Саемот на креативни индустрии“ со фокус на креативноста во одржливите индустрии и нашата цел е да понудиме еден вид платформа на помалите креативци, не толку етаблирани и промовирани стартапи кои што ги имаме и се меѓу нас, но ретко имаат можност да се покажат. Во исто време во рамки на саемот пречекуваме голем број гости од надвор- Кирил Ѓозев, претседател на Балкан Синема Ситис.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова ограда за заштита на градилиштето кое проголта тротоар

Tea Dimkovska

Oслободителна пресуда за таткото на Васил Јованов, судот оцени – одговорноста е кај полнолетниот возач и не може да се припише на друг

Дејан Дејан

Пратениците во „доверливост“ и без да им биде откриен идентитетот ќе се советуваат за да работат етички- со новиот Кодекс не е предвидено подарок да биде максимум 100 евра 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе