Култура

Премиера во Драмски за апсурдите на војната

Мирот е желба на луѓето кои не одлучуваат за него и затоа учесниците на Министрскиот самит на ОБСЕ треба да ја гледаат претставата „ Пикник на фронтот“, за да ги воочат последиците кај луѓето кои поминале низ војна, вели режисерот Андреј Цветановски. Неговата режија на текстот на Фернандо Арабал вечерва ќе има премиерна изведба во Драмскиот театар, во Скопје. Претставата зборува за апсурдот на војната, за хушкањата на младите од страна на возрасните да се мразат и влезат во воен конфликт, но и за нивната сличност и за пост трауматскиот синдорм, присутен кај учесниците во воени дејствија.

  • Би сакал луѓето кои што решаваат за тоа да дојдат на претставата затоа што ако дојдат , можеби двапати ќе се запрашаат дали би го направиле тоа кога ќе видат како сѐ тоа влијае на луѓето, кои што го преживуваат тоа, вели режисерот Андреј Цветановски .

 

  • Неговото однесување половина и повеќе е издиригирано како нечие ехо од некоја наредба, нечија наредба. А, половина и помалку е нешто што го прави исто и мојот огледален лик. И јас, неговиот непријател, вели актерот Стефан Вујисиќ, за неговиот лик Зепо.

 

  • Низ целата претстава има некои мали блицеви , мали визиички како тие контекстуални непријатели, како што рече Стефан, можат да бидат многу добри пријатели, вели актерот Дамјан Цветановски за неговиот лик Запо и за ликот Зепо.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Спектаклот „Валкира“ од Вагнер за првпат пред македонската публика на 52-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе