Вести Култура

Одржливо претприемништво во креативните индустрии

Дали можеме да говориме за државна стратегија кај нас кога станува збор за креативната индустрија, доколку имаме предвид дека културните и креативните индустрии се еден од приоритетите на Европската Унија во последниве години.

Дали Македонија држи чекор со новите иновативни модели во светски рамки, кои се можностите за пристап до финансирање се само дел од темите кои беа загатнати на годинашниот Меѓународен форум на креативни индустрии на кој дебатираа над 20 учесници од регионот и Европа.

Според мене, а мислам дека голем дел од колегите ќе се согласат исклучително е важно мапирање на креативните индустрии во сите сектори за да знаеме колку работни лица имаме во секоја категорија, нешто што не е направено во последните 12 години кај нас, а знаеме колку брзо се менуваат професиите во денешно време. Немаме ниту категоризација во Агенцијата за вработување, за одредени професии,  така што ако некој е гејмдизајнер не припаѓа никаде во моментов, а е серизна професија од која многу добро се заработува, вели претседателката на УМПАКИ Елена бојаџиевска – цветковска.

Важно е да се размислува не само за креативните, туку и за бизнис аспектите, да се подигне свеста за улогата на креативната економија, креирањето на нови работни места и поттикнување на претприемништвото.

За економијата на Велика Британија на пример креативната економија придонесува со 108 милијарди фунти годишно. Тоа е 13, 2 милиони фунти на секој час. Затоа вербата во силата на креативната економија и настани како овој го отвораат потенцијалот важен за иднината на оваа земја, вели Клер Сиарс, директорка за Западен Балкан на British Council.

Во рамките на третиот „Меѓународен форум на креативни индустрии“  се одржува и дводневниот Саем на креативни индустрии со над 40 учесници низ различни креативни гранки .

По втор пат го одржуваме „Саемот на креативни индустрии“ со фокус на креативноста во одржливите индустрии и нашата цел е да понудиме еден вид платформа на помалите креативци, не толку етаблирани и промовирани стартапи кои што ги имаме и се меѓу нас, но ретко имаат можност да се покажат. Во исто време во рамки на саемот пречекуваме голем број гости од надвор., вели Кирил Ѓозев, претседател на Балкан Синема Ситис.

Новитет на саемот се повеќе едукативни работилници за основци и средношколци што ќе се одржуваат денес и утре, воедно и едукативни презентации на самите штандови. Саемот за креативни индустрии се организира во два дела, од кои вториот ќе се одржи во Битола на 15 декември во Културен и информативен центар – Битола.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе