Вести Култура Македонија

Мултимедијален настан „Ацо Шопов – Невообичаено”

Со промоција на три книги и проекција на анимирани филмови продолжува чествувањето на јубилејот 100 години од раѓањето на великанот на македонската поезија Ацо Шопов. Книгата разговори што Иван Антоновски ги води со Светлана Шопова „Од онаа страна на Небиднината“,изборот поезија „Песна над песните“, чиј приредувач е Јасмина Шопова и графичкиот омнибус „Небиднина“ дело на четворица автори. Чествувањето со мултимедијален концепт беше збогатено и со две изложби насловени „Патот по кој чекорам“ и „Величествен поетски мост што ги поврзува сите континенти“.

  • Јас веќе 15 години работам на творештвото на татко ми и не ми беше тешко, но сепак беше еден предизвик затоа што сакав нешто ново. Татко ми во една прилика рекол „Да не бидат тоа стари баналности во ново руво“. И си реков што треба да направам и направив книга во која што и широката публика и академската публика може да открие нови содржини во поезијата на Шопов. Со необјавени песни, но и оние многу познатите и пред се со негови изјави кои никој не ги знае, како и некои коментари од критиките. И сето тоа прави еден мозаик, песна која вие многу добро ја знаете „Небиднина“или „Лузна“ или „Во тишина“ добива нови димензии благодарение на тие елементи кои што се околу неа, вели Јасмина Шопова, Фондација „Ацо Шопов – Поезија“
  • Пред 30 години Анте Поповски има оставено аманет да се остави запис од сеќавањето на Светлана Шопова. Сега кога се случува оваа книга сите тие факти кои претходно биле закопани во тишината се кажани јасно и гласно. Тие предизвикуваат емоции, исто онолку колку што може да предизвикаат реакции со негодувања. Од тука оваа книга е и откопување на закопаното во тишината, вели Иван Антоновски, автор на книгата  „Од онаа страна на Небиднината“. 
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Касами останува градоначалник, министерските позиции резервирани за други

Дејан Дејан

Кавадаречанец му се заканувал на градоначалникот на општината

Дејан Дејан

В среда прегласување во седум избирачки места, шест се во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе