Uncategorized Вести Економија Топ вести

Ќе ја продава ли ЕСМ струјата под 53 евра за мегават? – од оваа цена ќе зависат сметките од јануари

Од јануари  цената за мегават час на ЕСМ можно е да падне под сегашните 53 евра, брифираат за Телма владини извори. Од тоа колку ќе изнесува мегават од државните електрани, најмногу ќе зависи какви сметки ќе плаќаат граѓаните следната година. Според, информациите се уште е рано да се зборува, но владини извори велат дека има простор за поголем пад на износот. Производството на државните електрани  било подобрено, а цената на струјата намалена во однос на ланската. Поради тоа, државата ќе префрли и помалку пари од буџетот во ЕСМ. Ова вчера го искоментира и вицепремиерот  Битиќи. Средствата во државните електрани со кои се  одржуваше цената на електричната енергија се намалуваат за 20 отсто.

Во ЕСМ  за сега не добиле информација за такво нешто. Владата префрлаше пари на сметка на компанијата, врз основа на тоа што беше прогласена кризна состојба на пазарот со струја. Според, пресметките оваа година од буџетот таму се слеале над 230 милиони евра.

Новата цена на струјата  треба да се донесе до крајот на оваа година, а да важи од јануари. Енергетските компании МЕПСО, ЕВН и Електродистрибуција треба да достават пресметките на трошоците до РКЕ. А ЕСМ да  понуди по која цена  на ЕВН ХОУМ ќе ја продава својата струја.

Цената на ХУПЕКС овој период лани надминуваше и 200  евра за мегават час, годинава пак  изнесува нешто над 100 евра за мегават час. Иако, има пад сепак познавачите предупредија дека и оваа година ќе биде тешка, а ситуацијата неизвесна  поради глобалните случувања.

Најверојатно  ќе има и проширување на 3 и 4 тарифен блок. Односно се разгледува опцијата оние кои трошат над 630 киловат часови и над 1050 да плаќаат повеќе. Од  први декември евтина дневна тарифа од 13 до 15 часот ќе добијат 170 илјади домаќинства, останатите малку подоцна затоа што нивните броила треба рачно да се менуваат.

Прв блок од 0 до 210 киливат часови

Втор блок од 210 до 630 киловат часови

Трет блок од 630 до 1050 киловат часови

Четврт блок над 1050 киловат часови

Се подготвува и нов повик за универзален снабдувач на електрична енергија за малите потрошувачи и домаќинствата,  затоа што на ЕВН му истекува петгодишниот договор.  Дали ќе остане австриската компанија или пак може би ќе биде  ЕСМ Продажба или  некој  друг, ќе се знае до крајот на годинава. По правило оној кој ќе понуди најниска маржа, треба да биде новиот универзален снабдувач.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Над 70 торнада направија пустош во САД, најмалку три лица се повредени

Дејан Дејан

Автомобилското осигурување ја разбранува јавноста – дали ќе има поскапување на полисата ќе знае во понеделник

Дејан Дејан

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе