Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Дохчев: Во среда ќе ја направиме јубилејната 500-та трансплантација на бубрег во Македонија

Наредната недела, во среда, ќе ја направиме 500-та трансплантација на бубрег во Македонија. Тоа е огромна бројка на пациенти на кои сме трансплантирале од далечната 1977 година до денеска, најави Сашо Дохчев, директор на Клиниката за урологија, во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Во последниот период го имаме зголемено тој број на трансплантации од како сум јас на чело на тимот. Од 2012 година, во 11-годишен период, направивме колку во двата претходни заедно. Значи половина од трансплантациите се направени во овие десетина, 11 години. Тоа не остана незабележано и од Светската организација која ги регистрира земјите во кои се работи трансплантација. Во 2014 година, за резултатите кои ги постигнавме во 2013 за трансплантација од жив донор, бевме рангирани на деветто место во свет и на петто место во Европа по број на трансплантации на милион жители“, истакна Дохчев.

Првиот период од 1977 година до 1995 година, Дохчев го нарече пионерски во кој се направени релативно мал број на трансплантации – 35 и во тоа време, период на поранешна Југославија, се направени 22 кадаверични трансплантации.

„Пративме пет бубрези во тоа време во сите регионални центри кои работеа трансплантација, а тоа беа главните градови на републиките. Имаше и организација која се викаше „Југотрансплант“ преку која се вршеше размена на органи. Во тоа време тоа беа само бубрези. И успешно функционираше. Потоа дојде пад. Со распадот на Југославија, се прекина и таа програма на кадаверична трансплантација. Во 2006 година има некоја епизода на кадаверична трансплантација, беа направени само две трансплантации и најголем дел се направени од 2014 година наваму. Вкупно се направени некаде околу 88 до денеска“, вели Дохчев и додаде дека потоа заживеа и мултиорганската трансплантација.

Дохчев изрази верба дека тој тренд ќе продолжи.

„Во тие златни години, 2012, 2013 и 2014 веројатно нè држеше некој голем ентузијазам. Не дека сега ентузијазмот е помал, но тогаш целиот тим сакавме да постигнеме резултат. Во 2012 година, за само 10 месеци направивме 23 трансплантации, во 2013 голдина – 35 трансплантации и во 2014 година – 41 трансплантација од кои 29 беа трансплантации од жив донор и 12 кадаверични. Тогаш беше почетокот на таа, да речам, нова ера на кадаверична трансплантација и го одржавме тој тренд“, потенцира Дохчев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Автомобилското осигурување ја разбранува јавноста – дали ќе има поскапување на полисата ќе знае во понеделник

Дејан Дејан

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе