Вести Најважни Свет

Продолжуваат бомбардирањата на Израел во Појасот Газа- Околу 70% од населението ги напуштија своите домови

Огромни пламени на хоризонтот над северниот дел од Појасот Газа. Израел продолжи со уште еден бран напади во едномесечното немилосрдно бомбардирање по ненадејниот упад на милитантите на Хамас во Израел.

Министерството за здравство под контрола на Хамас соопшти дека над 10.300 Палестинци се убиени но се верува дека иан 2.300 тела на цивили се под урнатините од разорното бомбардирање.

Според нив најголем број од жртвите или две третини се жени и малолетни лица. Околу 70% од населението ги напуштија своите домови, а повеќе од 700.000 од нив спас побараа во училиштата на ОН кои се претворени во засолништа.

Цивилите во Газа се потпираат на мала помош и на сопствената дневна потрага по храна и вода од залихите кои се намалија по неколкунеделната опсада.

Милитантите на Хамас убија 1.400 луѓе за време на нивното дивеење во јужен Израел што беше причина за отпочнување на големите воени операции на израаелската војска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе