Вести Култура Топ вести

Неисплатени добитниците на годишните награди на Друштвото на писатели на Македонија

Поднесе оставка на функцијата претседател на Друштвото на писатели на Македонија, а зад него остави неподмирени долгови. Христо Петрески не ги исплатил добитниците на традиционалните годишни награди , врачени кон средината на февруари. Тие се жалат дека се оштетени, дека тоа се случува за прв пат во 76 годишната историја на ДПМ и дека со  тоа што не ги добиле парите, кои изминативе 4 години изнесувале по околу 50 илјади денари од добитник, дека наградите се обезличени.

  • Оштетени сме на некој начин во целата оваа приказна. Тоа е. Принципот е во суштина. Не се важни нѝ толку парите, колку што е, после 76 години да бидат обезличени наградите, вели во изјавата по телефон добитникот на наградата „ Ацо Шопов“, писателот Зоран Пејковски.

Покрај Пејковски, паричниот дел од наградите не го добиле Венко Андоновски, Соња Стојменска – Елзесер и Ели Маказлиева, а не се исплатени ниту 12 членови на четирите жири комисии кои одлучувале за наградите „ Стале Попов“, „ Ацо Шопов“, „ Димитар Митрев “ и „ Ванчо Николески“. За тоа било известено Министерството за култура , од каде добиле одговор дека во документацијата од ланскиот Годишен конкурс за финансирање проекти од национален интерес по дејности, не е најдена апликацијата од ДПМ за наградите.

  • Друштвото на писатели на Македонија нема поднесено пријава за доделување на годишните награди на Годишниот конкурс, се вели во одговорот од ресорот Култура.

Во зовриената предизборна атмосфера, писателот Венко Андоновски, кој ја освои наградата „ Стале Попов“, за романот „ Папокот на Светлината“ побарал да биде исклучен од членството. Телма стапи во контакт со Андоновски, кој е во странство. Тој кусо ни одговори дека од лични причини си заминал од писателската асоцијација.

А, според претседателот на ДПМ во оставка, Христо Петрески, проблемот со неисплатените награди се случил поради техничка грешка на електронскиот систем Е- услиги, кој не ја примил апликација. По што го известиле министерството.

  • Во комуникација и договор со Министерството за култура , ни беше речено дека ретроактивно ќе бидат доделени средства за наградите за 2023 и за 2024 година, за што деновиве веќе аплициравме, вели претседателот на ДПМ во оставка, Петрески.

Средства за патни трошоци на сметката на Друштвото има. Сите членови од внатрешноста кои ќе присуствуваат на Вонредното изборно собрание ќе ги добијат на своите сметки, веднаш по завршувањето на Собранието, дополнува Петрески.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе