Вести Свет Топ вести

Четиричленото семејство заглавено во Газа доби дозвола за евакуација

Четиричленото семејство, кое беше заглавено во Појасот Газа денеска доби дозвола за евакуација преку египетскиот премин Рафах. Пограничните власти на Газа го објавија вториот список, на кој има 596 странски државјани и лица со двојно државјанство од 15 земји.

Според македонското МНР, станува збор за татко со македонски пасош, две деца на 7 и 5 годишна возраст, на кои им е издадена привремена патна исправа, а со нив доаѓа и мајката која е Палестинка, а доби македонска виза. Но, нејзиниот излез беше неизвесен затоа што таа требаше да добие дозвола од палестинските власти.

Во Газа остануваат за евакуација уште двајца македонски државјани, брачен пар. Но, според МНР и тие се на списокот и се очекува според динамиката и околностите на теренот, да бидат евакуирани наскоро.

И покрај двојните државјанства, палестинците кои немаат странски пасоши чекаат дозвола од своите власти. Ако не добиваат дозвола, семејствата се принудени да се раздвојат.

  • Имам американски пасош. Исто и ќерка ми. Маж ми нема пасош, има поднесено документи, но не му е издаден пасошот. Бремена сум. Сакам да си одам. Како да си одам без сопругот? Апелирам до сите, кој било: Сакам да излезам со сопругот и ќерката- Вард Абу Шабан, лице со американски пасош.

Америка вели дека прави се за да ги извлече своите државјани. На денешниот список, две третини од вкупниот број цивили кои се евакуираат се Американци со семејствата. Но, Египет е претпазлив, и не дозволува влез на палестински бегалци, стравувајќи дека Израел нема да им дозволи да се вратат во Газа по војната.

Откако египетските власти вчера ја кренаа рампата на преминот се создаде дополнителен хаос и нервоза. На чекор до слобода, цивилите велат дека не е безбеден ниту преминот.

  • Пред само еден час го слушнавте проблемот, падна бомба и експлодираше се. Имам срцеви проблеми, како да ќе се урне се во секој час. Не знам што ќе се случи, само сакам да одам од другата страна и да сум безбеден- Џамал Ќауд, лице со американски пасош.

Во наредниот период според најавите на Египет границата треба да ја преминат околу 7.000 лица. Сепак, во Појасот Газа остануваат заглавени повеќе од 20.000 ранети, соопштија од „Доктори без граници“, од каде се загрижени за големиот број заробени цивили. Укажуваат дека ако не се достави критичната помош, оваа криза ќе има несогледливи последици за целото човештво.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе