Uncategorized Вести Свет Топ вести

Израелската војска ги предупредува цивилите да се евакуираат, а потоа, сепак, ги напаѓа – истрага на „Би-Би-Си“

Стотици илјади жители на Газа се преселија на југ по неколкуте насоки од израелската војска за евакуација од северот на Појасот. Но, и јужниот дел на енклавата беше под израелско бомбардирање, поради што Обединетите Нации и хуманитарните организации предупредија дека нема безбедно место во Газа.

„Би-Би-Си“ идентификуваше и анализираше четири конкретни напади во тоа подрачје. Британскиот сервис, патем, прегледа и некои предупредувања и насоки за евакуација кои беа упатени до цивилите во Газа, меѓу кои и совети за преселба на одредени локации на југот.

Некои и тие предупредувања беа проследени со мапи со стрелки кои покажуваа нејасно одредени подрачја по кои требаше да се движат цивилите. Три напади кои ги анализираше „Би-Би-Си“ ги погодија токму тие подрачја или во нивна близина во деновите по предупредувањата.

Израелските сили истакнуваат дека комуницираат со жителите на Газа на разни начини, вклучувајќи и пуштање летоци, објави на социјални мрежи на арапски јазик и предупредувања преку цивилни и меѓународни организации.

Кан Јунис – 10 октомври

Израелските сили на 10 октомври објавија дека нивните борбени авиони во текот на ноќта погодиле над 200 цели во Римала на северот и во Кан Јунис на југот. „Би-Би-Си“ ги проучуваше нападите тој ден во средиштето на Кан Јунис, за да ги одреди локациите и размерот на штетите. Видеоснимките објавени по нападот покажуваат урнатини и урнати згради во центарот на градот. Локацијата е потврдена со помош на визуелни траги, како што е минарето на Големата џамија во Кан Јунис.

Иако зоните на евакуација често беа јасни исцртани, одредиштата на кои им беше кажано на луѓето да одат, често беа многу нејасни. Во овој случај, на оние кои живеат во квартовите Абасан ал-Кабира и Абасан ал-Сагира, неколку километри југоисточно од центарот на Кан Јунис, им било твитнато од 8 октомври да одат во „центарот на градот Кан Јунис“.

Мапата, вклучена на видеото на твитот, за оние кои живеат во двата кварта ги покажува нивните моментни адреси и означена е со стрелка која покажува во правец на Кан Јунис. Не може да се отфрли можност дека постоеле различни рути, а „Би-Би-Си“ не пронајде никакви докази за тоа.

Рафа – 11 октомври

„Би-Би-Си“ потврди дека наредниот ден дошло до уште еден напад, појужно во близинанна границата со Египет. Во тој напад беше погоден плоштадот „Нејмех“ во центарот на Рафа. „Би-Би-Си“ го погледна видеото објавено на социјалните мрежи кое прикажува уништување по протест. Плоштадот „Нејмех“ е идентификуван со користење на достапни фотографии.

Предупредувањето што го издадоа израелските сили на 8 октомври, исто така, содржеше упатства за жителите на Рафа, порачујќи им веднаш да тргнат во засолниште во центарот на градот „поради нивна безбедност“. Мапата во видеото за жителите на Рафа има стрелка со насока кон Рафа.

„Би-Би-Си“ ги анализираше сите објавени предупредувања на израелските сили на социјалните мрежи на арапски кои успеа да ги пронајде во тој временски период, но не успеа да да пронајде докази дополнителни други насоки, што, пак, не исклучува можност дека се издадени.

Кан Јунис – 19 октомври   

Осум дена подоцна Кан Јунис повторно беше на удар на израелските воздушни сили. Овојпат во улицата Гамал Абдел Насер. Во тоа се увери „Би-Би-Си“ гледајќи ги снимките од урнати згради во една од главните градски сообраќајници. Споредувајќи го обликот на зградата во видеото со оние на други фотографии, потврдено е дека станува збор за исто место. Друго видео покажува како се извлекуваат тела на загинати и повредени од под урнатините и се превезуваат во блиската болница Насер.

Израелските сили на 16 октомври издадоа предупредување за жителите на Газа да се преселат јужно, во Кан Јунис. Повторно постои можност дека имало и дополнителни упатства кои биле поинакви, но нема докази за нив.

Кампови во централна Газа – 17 октомври, 18 октомврим, 25 октомври

Во централна Газа постојат четири бегалски кампови. „Би-Би-Си“ потврди напади врз два. Снимки од социјалните мрежи по нападот на кампот ал-Буреиј на 17 октомври покажуваат големи урнатини, пламени и крвави тела.

Уште еден логор во близина, ал-Нусеират, беше нападнат наредниот ден. „Би-Би-Си“ ги провери снимките од последиците на тој настан на социјалните мрежи на кои се гледаат возила на Итната помош, урнатини, луѓе кои се обидуваат да ги изгаснат пламените и уништена пекарница.

И покрај претходното предупредување од 8 октомври во кое на жителите на источното и јужното подрачје на Магази им се посочува да одат во камповите во централна Газа, се чини дека такви кампови нема на локацијата која беше наведена на мапата.

Но, „Би-Би-Си“ идентификува три кампа во близина – ал-Нусеират и ал-Буреиј кои беа нападнати на 17 и 18 октомври и уште еден камп под назив Деир ал-Балах.

Одговор на израелските сили (ИДФ)

„Би-Би-Си“ испрати конкретни локации со израелските дефанзивни сили и датуми за секој од споменатите напади и праша „дали тие локации биле мета на напади и дали пред нападите биле издадени предупредувања“.

Во својот одговор од ИДФ рекоа дека „не можат да дадат натамошни информации во врска со тие локации“. Од ИДФ истакнаа дека ги повикале цивилите во Газа да се преселат на југ поради нивна безбедност, но и дека ќе продолжат со напади врз терористички цели во сите делови на Газа.

„Во рамки на меѓународното право, ИДФ презема мерка на претпазливост со цел да се избегнат штети по цивилното население. Тие мерки вклучуваат предупредувања пред нападите кога е можно такво нешто“, стои во одговорот на ИДФ до „Би-Би-Си“.     

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе