Вести Македонија Најважни

Беќироски: МАЛМЕД нема надлежност да врши надзор во Клиниките

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, заменик – директорот на „МАЛМЕД“, Роберт Беќироски денеска одговара на прашања на членовите на Комисијата.

Беќироски кажа дека од јануари 2019 до денеска е актуелен заменик – директор на Агенцијата за лекови и медицински средства, а од август 2017 до октомври 2018, бил директор на оваа агенција.

– Сите лекови што ги има на пазарот во нашата држава, вклучувајќи ги и биолошките лекови, се 3.920, регистрирани на пазарот во нашата држава. Ние немаме можност да направиме селекција согласно нашиот систем, бидејќи во моментот, истиот е уште во имплементација и така натаму, да ги делиме биолошките лекови. Во делот на прашањето за веледрогериите, има многу, тоа се некаде околу 487 што редовно, секојдневно поднесуваат увоз врз основа на решението добиено за регистрација од Агенцијата за лекови. Зборувам за регистрираните лекови. Имаме можност да дадеме и увоз на нерегистрирани лекови, согласно Законот за лекови. Ние секојдневно имаме барање за увоз и на регистрирани и на нерегистрирани лекови – појасни Беќироски, одговарајќи на прашања.

Но, тој истакна дека во овој случај, за што е свикана Анкетната комисија, како што додаде, „МАЛМЕД“ не е надлежен, односно увозникот, веледрогеријата, не треба да поднесе барање каде треба да се достави, дали тендерска документација или слично, за да прикаже за која клиника.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе