Вести Најважни Свет

Вооружен напад во САД, на две локации убиени 22 лица, полицијата трага по масовниот убиец

Меѓу 16 и 22 лица се убиени, а од 50 до 60 се повредени во повеќекратни престрелки во Луистон, во американската држава Мејн, што се случија синоќа. Осомничениот идентификуван како Роберт Кард отворил оган со полуавтоматска пушка во куглана и во ресторан, кои се оддалечени околу 6,5 километри, тој се уште е во бегство. Според непотврдени извештаи уапсено е едно лице кое се поврзува со напаѓачот. Мејн е под полициска опсада, на жителите на Луистон, како и на оние во блискиот град Лисабон, им е кажано да се останат дома. Тие велат дека надвор се слушаат звуците на хеликоптери и болнички сирени, дека никогаш не помислувале дека ова може да се случи во нивниот мирен град. Преживеан сведок на масакрот во кугланата раскажува дека успеал да се спаси криејќи се во внатрешноста на машината кај чуновите.

  • Ние бевме внатре. Тоа беше нормална ноќ на куглање и од нигде никаде тој само влезе и имаше гласно пукање. Мислев дека е балон. Свртен бев со грбот кон вратата. Штом се свртев и го видов тоа не беше балон, тој држеше оружје, јас само се спуштив по лентата и се лизнав на местото каде што се чуновите и се качив на машината. Бев на врвот на машините околу 10 минути додека полицајците не стигнаа таму- Брендон, сведок на пукањето во кугланата.

Полицијата го пронајде возилото во Лисабон, а потрага по масовниот убиец 40-годишен Роберт Кард, продолжува. Тој е припадник на резервниот состав на американската армија, а бил и инструктор за ракување со оружје. Кард и е познат на полицијата, неговото досие е преполно со бројни пријави за семејно насилство, а на една од неговите бивши сопруги, исто така, му е одредена забрана за приближување.

Тој летово поминал две недели во психијатриска установа бидејќи „слушал гласови“ и се заканил дека ќе пука во базата на Националната гарда. Студирал инженерство на Универзитетот во Мејн, а не се знае дали дипломирал. Неговата фотографија е објавена на сите медиуми на жителите на Мејн им се препорачува доколку го видат да не стапуваат во контакт со него, туку да го пријават.

  • Се случија неколку инциденти со пукање со повеќе жртви во градот Луистон. А полицијата моментално трага по Роберт Р. Кард, 4.04.1983 година од Боудин. Кард се смета за вооружен и опасен. Ако луѓето го видат, не треба да му приоѓаат на Кард или да стапуваат во контакт со него на кој било начин- Мајк Сошук, Комесар на одделот за јавна безбедност на Мејн.

Властите сè уште не ја потврдуваат официјалната бројка на настрадани во масакрот велат дека има потврда за 16 жртви и 50-тина повредени. Луистон има население од околу 38.000 луѓе и е втор по големина град во Мејн по Портланд.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе