Вести Најважни Свет

Првата хуманитарна помош влезе во Газа, две недели откако Израелцита ја ставја под комплетна опсада

Првите камиони со хуманитарна помош влегоа во Газа, две недели по почетокот на војната помеѓу Хамас и Израел. По неколку денови чекање за да се поправи инфраструктурата оштетена од израелското бомбардирање, денеска камиони на ОН со бели знамиња на нив ја испорачаа првата хуманитарна помош преку преминот Рафа на границата со Египет.

Појасот е на раб на хуманитарна катастрофа откако Израел го стави под комплетна опсада, прекинувајќи ја испораката на вода, храна, лекови и гориво, по нападот на Хамас во кој беа убиени 1.400 лица во Израел.

Тел Авив исто така ги повика Палестинците да се евакуираат од северниот дел на Газа и да се упатат на југ, каде што ќе биде доставена хуманитарната помош.

Досега околу 700.000 жители на северна Газа, градот Газа и неговата околина, се евакуираа јужно од реката Газа, продолжете да одите на јужно од реката Газа. Под наредби на политичкото водство, цода, храна и лекови беа испорачани денеска само за популацијата во јужна Газа. Гориво нема да влезе во Газа, соопшти портпаролот на Израелските одбранбени сили, адмиралот Даниел Хагари.

Доцна синоќа Хамас ги ослободи и првите заложници по нападот на 7 октомври. Станува збор за две американски државјанки, мајка и нејзината 17 годишна ќерка а видео од нивното ослободување беше објавено на Телеграм.

Кога ќе ја видам повторно, мислам дека нема да може со зборови да се опише што се случува. Мислам дека ќе биде само една интензивна прегратка која е поголема од зборовите, и која е поголема од се што можеме вербално да го кажеме, изјави Бен Ранаан, братот на киднапираното девојче.

Израелскиот премиер Нетанјаху претходно изјави дека се обидуваат да ослободат колку што можат повеќе заложници, но и порача дека армијата ќе се бори се додека не постигнат победа над Хамас. И самите припадници на армијата, кои додека ја чекаат наредбата да влезат во Газа спроведуваат воени вежби, се загрижени што ќе се случи со киднапираните штом почне операцијата.

Не знаеме каде точно се наоѓаат. Не знаеме дали луѓето кои ги чуваат водат сметка за нив. Не знаеме што ќе направат ако влеземе во Газа. Не знаме што ќе направат терористите кога ќе дознаат дека Израел влегува во Газа. Многу сум загрижен дека некој ќе ги убие и навистина не знам што ќе се случи, изјави полковникот Тај Зигдон, командант на тренинг центар на Израелските одбранени сили.

Тензиите се зголемуваат и на северната граница со Либан, каде припадниците на Хезболах изминативе денови неколку пати се судрија со израелската армија. Не отфрлајќи ја можноста од жестоки судири со Хезболах кога ќе започне копнената операција во Газа, израелските власти наредија евакуација на десетици населби во близина на границата.

Либанскиот Хезболах е посилна терористичка организација од Хамас. Ситуацијата е страшна, вели Фани, која со двете малолетни деца беше евакуирана од Кирјат Шмона.

Израелската влада го предупреди Хезболах дека ќе плати висока цена ако се обиде да го нападне Израел. Токму поради можноста од проширување на конфликот и на северниот дел од Израел и потенцијалното вклучување на Иран, САД го зголемија своето воено присуство во Медитеранот и Црвеното море.

Ние сме во војна за која немавме избор, не го баравме ова. Тие ни ја наметнаа војната и ние ќе се обединиме. Ќе дејствуваме секаде каде што треба и ќе победиме во оваа војна, порача израелскиот министер за одбрана јоав галант.

Повеќе од 4.000 цивили загинаа во Газа од почетокот на изралеските воздушни напади, кои сѐ уште не запираат, откако во најголемиот напад извршен досега од Хамас, во јужен Израел беа убиени 1.400 лица.

Игор Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стано: ЕУ очекува Приштина без одлагање да ја формира Заедницата на српски општини

Дејан Дејан

Штајнмаер: Западен Балкан не смее да остане „сива зона за руско деструктивно влијание“

Дејан Дејан

Приведени 58 луѓе во Турција – подготвувале провокации за 1. Мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе