Култура

Драган Бјелогрлиќ: Ние на Балканот знаеме дека студената војна никогаш не завршила

За исклучителната и длабоко човечка приказна, филмот „Чувари на формулата“, во режија на Драган Бјелогрлиќ ја освои наградата за најдобро остварување на фестивалот „Киненова“, чие осмо издание заврши синоќа. Дејствието во филмот со хуманистичка порака, се случува во периодот на студената војна, за која Бјелогрлиќ на денешната прес конференција кажа дека никогаш не завршила и дека денес нема емпатија меѓу луѓето, како тогаш.

Ние на Балканот знаеме дека студената војна меѓу Западот и Истокот никогаш не завршила, кажа српската филмска ѕвезда Драган Бјелогрлиќ, чиј филм „Чувари на формулата“, по две освоени награди во Локарно и една на филмскиот фестивал во Сараево, ја доби наградата за најдобро остварување на осмото издание на Интернационалниот фестивал за дебитантски филм „Киненова“, кој заврши синоќа.

Овој филм имаше таква судбина што таа војна во Украина некако го направи поактуелен. Кога јас во Локарно имав една ваква прес конференција за печат, јас им реков- Знаете што, јас доаѓам од Балканот. Ние на Балканот знаеме дека студената војна никогаш не се завршила. А ,вие на Запад тоа го сфаќате само кога ќе се случи некоја голема глупост, некоја голема војна, кажа режисерот на филмот. Драган Бјелогрлиќ.

Филмот „Чувари на формулата“, е работен по сценарио на Вук Ршумовиќ. Тој го демистифицира тајниот експеримент на институтот Винча од 1958 ,за производство на атомска бомба. При тоа се случува инцидент со зрачење на групата научници, кои ќе бидат однесени во болница во Париз, каде за прв пат врз нив ќе биде извршена операција за трансплантација на коскена срж од непознат донор.

Она што мене ми беше најимпресивно , од кое тргнав јас, е дали би можело денес нешто такво да се случи. И сфатив , не дека нема шанси, туку тоа не постои ни како опција денес некои луѓе да жртвуваат било што нивно ни за луѓе што ги познаваат, а камоли за непознати, кажа Бјелогрлиќ.

Во филмот со хуманистичка порака, играат истакнати српски и француски актери. Снимен е како српско-словенечко-македонско-црногорска копродукција, со учество на „Скопје филм студио“ од наша страна. Филмот ќе биде на репертоарот на Синеплекс од 9-ти ноември.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе