Вести Култура

Утре скопска премиера на филмот „Лена и Владимир“

Дебитанскиот игран филм на режисерот Игор Алексов „Лена и Владимир“, кој беше прикажан на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“, утре ќе има скопска премиера во Синеплекс. Филмот, кој е по сценарио на Александар Русјаков, ќе се прикажува и во „Милениум“ и во други кина низ Македонија.

Тој за тема ја има љубовта, а главните улоги ги толкуваат Тони Наумовски и Сара Климоска. Работен е како македонско-српска копродукција со мнозински домашен удел. Покрај „Маинд продукција“, во неговото создавање беше вклучена и „Дрим фектори Македонија“, како и српската продуцентска куќа „Терирем“.

„Од утре нели премиерата и почнува да игра на репертоар во Скопје, во кино Синеплекс. Ќе игра, исто така и во „Милениум“ во Скопје, а од 19 октомври почнува да игра и во Штип и во Велес, во Киноверзум. Понатаму ќе следи дистрибуција која е локална, македонска пред сѐ. Филмот зборува за љубовта, затоа што едниот лик наоѓа љубов, каква што никогаш немал, а другиот лик наоѓа повторно смисла за животот поради некои трауми, поради кои ја изгубил вербата во љубовта и во животот“, изјави Илија Циривири, продуцент на филмот од „Маинд продукција“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владика Петар: Внимавајте за кого ќе гласате за да не се случи „слепец слепи да води“

Дејан Дејан

Македонија го одбележува 5 мај – Денот на македонскиот јазик

Дејан Дејан

Митрески: Заедно и сплотени против сите предизвици и искушенија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе