Култура

Мира Гаќина поднесе оставка на функцијата директор на МСУ

Мира Гаќина, по шест години извршување на функцијата директорка на Музејот на современа уметност, се повлекува од лични причини, соопштија од музејот.

  • После шест години, исполнети со неверојатно значајни домашни, регионални и меѓународни изложби и проекти, на свое барање заминувам од раководната позицијата на Музејот на современата уметност. Овој Музеј на солидарноста
    го замисливме како Отворен Музеј, отворен за сите генерации, за сите
    групи, за сите заедници, пред сè, за скопјани, како интегрален дел на
    Старо Скопје, со целата негова културна различност, следејќи ја
    оригиналната Мисија. Но, најважно е што инспириравме нова генерација
    меѓународни и наши уметници да му подаруваат дела на Музејот.
    Солидарноста како вредност се издигна над спонтаната реакција
    предизвикана од земјотресот во музејски концепт, низ трансгенерациска
    врска на авторите. И покрај моето повлекување, засекогаш ќе останам
    мотивирана да учествувам во натамошниот развој на МСУ, задоволна што
    по 60 години од неговото основање е повторно една од најубедливите
    вредности на скопскиот урбан живот“, вели Гаќина образложувајќи ја оставката.

Таа по вокација е историчарка на уметноста, магистер по
музеологија, со докторат по продукција и управување на институции од
културата – студија на случај МСУ – Скопје. Формирајќи и успешно
работејќи со тим од искусни и докажани професиналци во својата струка,
Мира Гаќина изминатите години успеа да го стави МСУ на мапата на
европските и светските музејски центри, реализирајќи повеќе капитални
изложбени проекти.

Кој ќе седне на директорското столче во МСУ по заминувањето на Гаќина, прашавме во Министерството за култура. А, од таму ни одговорија дека ќе се знае во текот на утрешниот ден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе