Култура

Христо Петрески официјално поднесе оставка на функцијата претседател на ДПМ

Заврши десетдневната сага со пиши – бриши оставките на претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, Христо Петрески. Тој денеска официјално поднесе оставка на функцијата. А, претседателката на Собранието преку Фејсбук го извести членството дека закажаното Вонредно изборно собрание на 25 ноември , на кое ќе се бира ново раководство и членови на сите тела во Друштвото, ќе се одржи на закажаниот датум. Ова е епилогот од борбата на членовите на ДПМ за вонредни избори, откако на 06. октомври мнозинството од нив кое членуваше во Претседателството, поднесоа оставки поради, како што рекоа, лошото раководење со асоцијацијата.

Претседателот на ДПМ, Христо Петрески денеска официјално поднесе оставка. Адресирана е до членовите на Друштвото и до медиумите.

  • Ги известувам членовите на Друштвото на писателите на Македонија и медиумите дека денеска официјално поднесов оставка на местото претседател на Друштвото на писателите на Македонија, напиша претседателот на ДПМ во заминување, Христо Петрески.

Неговата официјална оставка доаѓа по повлекувањето на претходната на 14 октомври, за која напиша  на ФБ дека не ја депонирал во Друштвото, но дека бил принуден да ја поднесе поради уцени и закани. Петрески првично поднесе неотповиклива оставка, откако на 06. октомври, 8 од 9 членови на Претседателството на ДПМ поднесоа оставки поради, како што кажаа, лошото раководење со асоцијацијата со самоволие , манипулации и отсуство на комуникација со нив.

Денеска на ФБ се огласи и претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска. Таа го потврди одржувањето на Вонредното изборно собрание, закажано за 25 ноември, на кое ќе се избираат нови претседатели на Друштвото и на Собранието , како и членови на Претседателството и на останатите тела.

  • Почитувани членови на Друштвото на писателите на Македонија, Ве известувам дека Вонредното изборно собрание закажано за ден 25.11. 2023 година ќе се однесува за сите органи и тела. Ќе следи натамошна процедура, согласна Статутот на асоцијацијата, напиша на Фејсбук претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска.

Откако изби скандалот со оставките на мнозинството членови од Претседателството на ДПМ , членството од ден на ден беше се побројно и погласно во барањето да се оди на Вонредно изборно собрание.Така, таа бројка денеска достигна 89, што е повеќе од една третина од членовите на ДПМ. Тоа според Статутот на асоцијацијата го обврзува раководството да ги организира и спроведе вонредните избори.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе