Вести Култура

(фото)Делата немаат наслови, но секое дело има по една приказна – Отворена изложбата „Некогаш и денес“ на Ристо Соколов-Сокол во МКЦ

Во Галеријата 2 на Младинскиот културен центар, синоќа беше отворена изложбата насловена „Некогаш и денес“ на Ристо Соколов-Сокол.

Циклусот содржи 30 дела, работени со природен материјал, во комбинирана техника и се иновативни и оригинални во техничка и материјална смисла, создавајќи ликовна уметност на начин како тоа го правеле старите мајстори, надоградувајќи го сето со сопствен оригинален и имагинативен набој, редок на македонската ликовна сцена. Своевидна тивка уметничка револуција невидена на овие простори.

  • Делата немаат наслови, a додека беше жив Ристо за секое дело имаше по една приказна и беше сериозен кога велеше “Додека се живи моите дела, жив сум и јас“, што се покажа како точно и еве денес ние сме сведоци дека Ристо и покрај тоа што од 2015 не е физички со нас и тоа како е жив преку неговата уметничка оставнина. Како ретко кој на модерната македонска уметничка сцена, напиша Марјан Тодоровски, долгогодишен пријател, соработник, соборец и познавач на животот и уметноста на Ристо Соколов Сокол.

 

Циклусот ликовни дела на Ристо Соколов-Сокол, „Некогаш и денес“, е целосно осмислен, реализиран и изложбено прикажан во неговото отворено ателје уметничкото студио „Сокол арт“ во Кавадарци. Циклусот содржи 30 дела, работени со природен материјал, во комбинирана техника и се иновативни и оригинални во техничка и материјална смисла, создавајќи ликовна уметност на начин како што го правеле тоа старите мајстори, надградувајќи го сето со сопствен оригинален и имагинативен набој, редок на македонската ликовна сцена. Своевидна тивка уметничка револуција невидена на овие простори.

  • Ристо Соколов Сокол. Некој многу умен некогаш рекол дека големите луѓе си ги бираат датумите кога доаѓаат и заминуваат. Така и нашиот Рики, еден од најголемите – го направи истото. Се родил на Велигден, замина на Свети Трифун. Си го одбра дури и МКЦ во еден од последните разговори со него, како една лична желба неговата уметност да биде меѓу младите, ако некогаш неговата уметност стигне повторно во Скопје. Оти, како што Младинскиот Културен Центар е еден и единствен, така и Рики беше еден и единствен. И како човек и како уметник, истакна на отворањето на изложбата актерот Александар Малинков.

Низ минатите години изложбата е поставена и исклучително посетена, освен во Кавадарци, меѓу другото и во Велес, Неготино, Демир Капија. Благодарејќи на семејството Соколови, кое е носител на овие дела, но и на неформалната група уметници „Сокол арт“, „Некогаш и денес“ уште долго и допрва ќе патува низ Македонија и подалеку, надминувајќи ги животните околности и години на неговите современици, а се во интерес и чест на врвната ликовна уметност.

Ристо Соколов-Сокол е роден на 16 април 1957 г., во селото Дреново. Секоја година, датумот на раѓање на Ристо Соколов се одбележува преку меморијалната манифестација „Пријателите за Ристо“. Досега се одржани осум изданија на манифестацијата, на различни простори низ Кавадарци, од клубови, ресторани, галерии, преку институции до отворени простори за првпат искористени за каква било културна и уметничка пригода.

Изложбата трае до 31 октомври.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе