Вести Култура

Вонредно Изборно собрание на Друштвото на писатели ќе има на 25 ноември, но какво, за сега е нејасно

Скандал во ДПМ, каков што не се памети во неговото 76 годишно постоење! Оставки на 8 од 9 членови од Претседателството , па неотповиклива оставка на претседателот Христо Петрески од здравствени причини, па најава за вонредно Изборно собрание на 25 ноември, па повлекување на оставката од Петрески. И сетоа тоа преку соопштенија на ФБ. Ваква е ситуацијата во Друштвото на писатели во последниве 10 дена. Членовите на Друштвото не го прифаќаат повлекувањето на оставката од претседателот и бараат одржување нови избори, откако Претседателството го напуштија мнозинството од нив. Тие се и против пополнување на испразнетите места во телата на Друштвото, според гласовите од ланското Изборно собрание.

  • Ние немаме доберба во одлуките на моменталниот врв на Друштвото на писатели и затоа мора да се оди на избори.Тоа Претседателство мора да се избере на избори. Во случајов на вонредни избори, на кои што ќе се бира , не само Претседателството, туку и претседателот на ДП, претседателот на Собранието и сите придружни тела на Друштвото.Незадоволството е масовно и во моментов нема поинаков начин, освен да се оди на избори, изјави Фросина Пармаковска- писателка и член на ДПМ

А, дека постои големо незадоволството од раководењето и функционирањето на ДПМ, сведочат соопштенијата до јавноста потпишани  од десетици членови- истакнати писатели, поети, есеисти, критичари…

  • Самоволно владеење, манипулации, некомуникација со Претседателството. Тоа продолжи, очигледно . И сега доаѓаме до криза- пресвртна точка, кога мора еднаш веќе за секогаш работите да се сменат, вели Пармаковска.

При повлекувањето на оставката, Петрески го објасни првичното поднесување, со закани и уцени на кои бил изложен.

  • Поради притисок, уцени и закани од одредени членови и групи во Друштвото, кога веќе беше многу тешко да се издржи тоа, а во прашање беше доведено и моето здравје, на Фејсбук и преку медиумите соопштив дека сакам да поднесам оставка, нпиша на Фејсбук, Христо Петрески, претседател на ДПМ.

А, Пармаковска со молба до него, јавно да каже кој му се заканувал. За случувањата одговор побаравме од претседателот на ДП и од претседателката на Собранието. Кристина Николовска ни одговори дека ќе има Изборно собрание на  25 ноември, но не прецизира дали ќе се избираат и раководни и членови на телата , а Христо Петрески најави одговори за ситуацијата, утре.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Силјановска: Доаѓа времето на жените, време е за машка еманципација

Дејан Дејан

Еден затвореник полесно повреден во инцидент меѓу две групи во затворот во Шуто Оризари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе