Вести Култура

Брилијантниот виртуоз на виолина Роман Симовиќ во Скопје

Со изведба на дела на тројцата најголеми британски композитори Вилијам Волтон, Вилијам Лојд Вебер и Ралф Вон Вилијамс, како и спектакуларните 4 годишни времиња од Астор Пјацола македонската публика има можност да го проследи настапот на светски познатиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ и камерниот оркестар „Профундис“. Во музичката кариера на Симовиќ се вројуваат настапите во „Карнеги Хол“, големата сала на Конзерваториумот „Чајковски“, салата „Марински“ во Санкт Петерсбург, салата „Викторија“ во Женева  и Операта во Тел Авив.

  • Во Македонија не сум прв пат, но сум бил многу одамна, свирев со маестро Цанев, Концертот „Чајковски“. Навистина имате прекрасна концертна сала, на која можат да ви позавидат многу европски претставници. Јас сакам тука да свирам, одлична акустика. Публиката во Македонија е срдечна и очекувам голем одзив, вели  Роман Симовиќ, виолинист

Програмата на вечерашниот концерт, проткаена со финеси и грациозност само какви што може да отсвират Роман Симовиќ и „Профундис“ се гаранција за концертен спектакл кој со сигурност ќе ги воодушеви присутните, вели диригентката Ѓурѓица Дашиќ .

  • Концертниот спектакл РОМАН е наречен со причина. Првата причина е Роман Симовиќ, виолинист од светски ранг вбројуван во првите топ 5 виолинисти во светот. Концерт мајстор на престижната Лондонска филхармонија и на наше големо задоволство тој е вечерва со нас, со камерниот оркестар Профундис, што говори за  високото ниво на овој оркестар после сите овие 27 концерти. Роман Симовиќ ќе ги остави срцето и душата на сцената со Астор Пјацола значи Аргентина на сцената, навистина ќе биде една магична вечер проследена со аргентинските звуци, изјави  Ѓурѓица Дашиќ, диригентка

Во музичката дејност на камерниот оркестар „Профундис“се вбројуваат многубројни настапи во земјава и странство, мултимедијални спектакли, со врвни македонски солисти, но и со познати имиња од светската класична музичка сцена.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе