Култура Македонија

Во Тетово се одржа 12-тото издание на Фестивалот на староградски песни „Теута“

Во Центарот за култура Тетово „Иљо Антески-Смок“ синоќа по 12-ти пат се одржа фестивалот на албанска староградската песна „Теута“. Годинава се претставија државните ансамбли од Тирана и Приштина, ансамблот од Елбасан и домаќините на женскиот хор „Теута“ од Тетово.

– Првите кои се појавија пред публиката во Тетово беа домаќините од Тетово, за потоа да им се даде простор на ансамблот од Елбасан „Исуф Мизири“. Следуваше Ансамблот на песни и народни танци „Шота“ – Приштина и на крајот, солистите на Ансамблот на песни и народни танци на Република Албанија. Богатата програма на овие учеснички групи, вклучувајќи песни од сите албански региони, не само што беше срдечно прифатен од тетовската публика, која ја вреднува високо оваа музика, туку во некои случаи, пеејќи истовремено како хор, беа еднакви учесници со тие од сцената давајќи му на фестивалот магија со многу посебен карактер, информираа од Центарот за култура за фестивалот.

Директорот на Центарот за култура Арлинд Хусеини заедно со уметничкиот совет доделија благодарница на Ќефајете Беќири, една од иницијаторите и основачите на фестивалот како и женскиот хор „Теута“. Центарот за култура му оддаде почит и на уметникот Владимир Хасими, кој цел свој уметнички живот го посветил на Ансамблот на песни и народни танци на Република Албанија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе