Uncategorized Македонија Топ вести

Прокламацијата за македонско наследство тргната од веб страницата на гувернерката на Мичиген – ОМД се сомнева дека е под бугарски притисок

Провокациите на Бугарија немаат крај. Овојпат попречија една  пријателска иницијатива во САД со која септември беше прогласен за месец на македонско американското наследство во Мичиген. По  писмото на  бугарскиот  конзул во Чикаго, Светослав Станков, прокламацијата повеќе не може да се најде на веб страницата на   гувернерката на Мичиген, Гредчен Витмер,  објави Гласот на Америка, Во неа минатиот месец Витмер напиша дека   важно е  да се истакне придонесот и културното влијание на македонските Американци, кои придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“. Но, Станков пак кој бара средба со нејзиниот тим, во писмото упатува низа навреди за Македонците и изразува  загриженоста дека прокламацијата ќе се искористи  „за унапредување на себичните цели на северномакедонските националисти, вклучително и за културно присвојување на наследството на бугарските Американци“.

„ Прво би го истакнал добро познатиот факт дека Македонија е географски регион, кој спаѓа во територијата на четири различни суверени држави: Бугарија, Грција, Албанија и Северна Македонија (поранешна југословенска република, независна од 1991 година). Терминот „македонски“ немаше и не може да носи никаква референца на конкретнa македонскa етничка група во годините пред 1944 година“, се вели во писмото на Светослав Станков, конзул на Бугарија во Чикаго   

Мето Колоски од Обединетата македонска дијаспора на чија иницијатива беше донесена прокламацијата, вели дека вчера побараа  официјално објаснување од гувернерката зошто е повлечен прогласот, но досега немаат одговор. Претпоставува  дека станува збор за притисок на Бугарија, преку нивниот конзул во Чикаго.

-Во писмото има многу лоши работи за македонскиот народ, дека ние сме измислен народ, дека Бугарите биле мнозинство, па посоле сме биле претопени во Македонци, дека тоа е стратегија на комунимот,  вели Мето Колоски од ОМД. 

Колоски ќе бара заштита и од ФБИ затоа што бугарскиот конзул испрати писмо со навредливи содржини за Македонците, за него лично и за другите членови на ОМД, што вели е напад врз етничка основа

„Денес поднесов жалба до ФБИ за транснационална репресија против бугарскиот генерален конзул во Чикаго Светослав Станков. Тој ме напаѓа лично мене и другите членови на Обединетата македонска дијаспора врз основа на нашиот етнички идентитет, вклучително и вербални напади врз лица на македонски настани. Ова е тактика на бугарскиот режим да ги замолчи Македонците во странство, особено во САД, и ние нема да го дозволиме тоа“, изјави  Колоски.

Освен Мичиген, септември 2023 година беше прогласен за месец на македонската култура и во сојузната држава Илиноис. Како што пренесува БГНЕС, не само Витмер, прогласот го повлекол и гувернерот на Илиноис, за што Колоски немаше потврда, затоа што вели овој проглас воопшто не беше обајвен на интерент.

 

Емилија

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

(Видео) Над 70 торнада направија пустош во САД, најмалку три лица се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе