Култура

СКРМ и СОНК протестираа против органичувањето на правото за зголемување на платите за 10%

Синдикатот за култура и СОНК денеска протестираа пред министерството за култура, револтирани од новиот Предлог- анекс на Колективниот договор за култура, со кој им се ограничува на 6 месеци правото за зголемување на платите за 10% , согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор. За синдикатите неприфатливи се притисоците за прифаќање на тоа решение и бараат заедно со министерството да изнајдат ново со кое ќе се надмине проблемот. Во спротивно, најавија радикални мерки.

Притисоци од директорите, вработените во установите од културата да потпишат нови решенија со кои им се ограничува правото за зголемување на платите за 10%, добиено согласно новиот Општ колективен договор и неуспешниот состанок со министерката Костадиновска – Стојчевска за надминување на проблемот неделава, ги принуди Синдикатот за култура и СОНК на протест пред министерството. Велат , против волјата на вработените, ресорот Култура наложил  да прифатат акти со кои тие 10% зголемување на платите ќе траат од сегашните септемвриски до февруарските плати идната година, а потоа ќе ги изгубат, претопени со усогласувањето на минималната плата во март.

  • По предлог на владин записник од седница од месец септември, министерството за култура изготви анекс на Колективниот договор кој што беше понуден на двата репрезентативни синдикати. Ние едногласно го отфрливме тој анекс  на Колективниот договор и сега се прави обид преку директорите, преку издавање на нови решенија, преку притисок на вработените , да се потпишат тие решенија , чија содржина е соодветна на оној анекс на Колективниот договор, кој што беше отфрлен, кажа Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Од Финансии им кажале дека зголемувањето на платите за 10% да не го гледаат како покачување, туку како еднократно право што важи до следното поповолно право од Колективниот договор за култура. А, со анексот во членот 65 од Колективниот договор за култура се вметнува фиксна сума како основа за пресметка на основната бруто плата.

  • Ова ли е начинот по секоја цена да се постигне тоа што одамна се сака ? А, тоа е укинување на членот 65 од Колективниот договор за култура , кој по кажувањето на господинот од Министерството за финансии, штрчи во јавниот сектор, само затоа што е најправичен за работникот, врзувајќи ја основната плата со порастот на минималната плата, рече Вера Атанасовска, претседателка на Синдикатот за култура на Македонија.

Од Министерството за култура велат дека синдикатите биле известени дека поединечните решенија се единствен законски начин за исплата на плата. Од таму потенцираат дека воопшто не се работи за носење едностран акт за права од работен однос, туку исклучиво за постапување во согласност со законот и носење решение за плата како поединечен акт од индивидуално правен карактер на работникот. Начинот на утврдување на основната бруто-плата е дефиниран во Колективниот договор за култура, а со поединечните решенија за плата само се констатира износот, дополнуваат од таму.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе