Култура

На фестивалот РУТА прикажани претстави со различен квалитет

Синоќа во Драмски театар беше изведена претставата „ Отело“, со што беа спуштени завесите на 16 издание на фестивалот на Регионалната унија на театари -РУТА. Покрај различните теми и режисерски пристапи, публиката низ шестте вечери сведочеше за разликите во квалитетот на претставите, кои се најавуваат како најрепрезентативни. Затоа од РУТА за в година најавуваат селекција.

Со изведбата на претставата „ Отело“, во копродукција на хрватскиот театар Улисис и Воениот театар „ САРТР“ од Сараево, синоќа во Драмскиот театар заврши 16 издание на Фестивалот на Регионалната унија на театри- РУТА. Беа прикажани вкупно 6 претстави , работени според класични и современи текстови, а настапија и градските театри од Љубљана и Подгорица, Народниот театар од Ниш, Камерниот театар 55 од Сараево, Белградскиот драмски и Драмскиот театар од Скопје. Покрај различните теми и режисерски пристапи, РУТА пониди увид и во разликите на квалитетот на остварувањата, велат критичарите.

  • Ги гледавме сите претстави, видовме како реагира публиката. И на некои претстави беше очигледно дека на публиката не и е сосема јасно што се случува или зошто. Имаа коментари после тоа. Баш беа детални. А, имаше претстави кои функционираа супер, вели Јована Ѓорѓијовска, театарска критичарка.

Од 2019 година , кога започна , фестивалот РУТА се одржува како ревија на претстави, а изборот со што ќе се настапат, го прават театарите. Во насока на промоција на вистински најрепрезентативните остварувања, на состанокот меѓу членовите на РУТА одржан во Скопје, е договорено следното издание да остане ревијално, но сепак да има селекција.

  • Се договоривме дека ќе бидеме во можност да ги погледнеме претставите кои што ни се нудат за гостување и согласно виденото, да се одлучи кој ќе биде гостин, вели Викторија Рангелова Петровска, в.д. директорка на Драмски театар.

Иако најавени, на фестивалот изостанаа тркалезните маси.

  • Оваа година од различни причини, на барање на екипите не се одржуваа округлите маси. Но, од следната година , секако, вели в.д. директорката Рангелова Петровска.

Драмски го одржа фестивалот со 600 илјади денари буџет, што според в.д. директорката било прилично тешко. Но, таа е оптимист за следниве изданија, имајќи предвид дека министерството за култура инсистира на меѓународна соработка, која е вклучена и во Предлог – Националната стратегија за култура, за следниве 4 години. А, оптимизмот за квалитетниот театар го одбранија претставите „ Нора“ на ГТЉ, во режија на Нела Витошевиќ и „ Отело“ , во режија на Украинката, Оксана Дмитриева.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Извадоци од негови драми, музика на „Леб и сол“ – различни генерации на роденденот на Горан Стефановски во Дебар Маало

Дејан Дејан

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе