Култура

Вечерва на РУТА последиците од дисфункционалното семејство врз потомството

Во рамките на фестивалот на Регионалната унија на театри- РУТА, вечерва во Драмски театар ќе настапи Камерниот театар 55 од Сараево, со претставата „Син“. Се работи за еден дел од трилогијата на современиот француски драматичар Флоријан Зелер. А, зборува за последиците кои врз младите генерации ги оставаат дисфункционалните семејства од кои потекнуваат.

„Во конкретниот случај врз синот, кој поради сите тие околности во својот пубертетски период за кој знаеме дека е најчувствителен во растењето и созревањето на човечкото битие, станува конфузен , интровертен, станува суицидален и сосема дезориентиран во средината“, вели актерот Амар Селимовиќ.

„Статистиката во БиХ покажува дека во последните десетина години од 100% склопени бракови, 70% завршуваат со развод . Значи , нешто што е основна ќелија на човековото општество едноставно се гаси. И ние сакавме да истражиме зошто е тоа така“, кажа актерот Адмир Гламочак.

„Беше поедноставно од аспект на тоа што јас некогаш имав 17 години и можев од прилика да се присетам на некое мое искуство од тие години. На тој начин ми беше полесно“, вели носителот на главната улога, актерот Давор Голубовиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК

Дејан Дејан

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Дали читањето на книги е сѐ уште во секојдневната рутина на човекот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе