Вести Култура

Министерство за култура сѐ уште ја чека документацијата за Универзална сала од Град Скопје

Министерството за култура сѐ уште ја чека документацијата на Град Скопје за времено преземање на Универзална сала, и покрај тоа што беше речено дека целата постапка е во финална фаза уште минатата недела. Доколку имаме предвид дека токму Универзална сала е носител на избраната апликација за титулата „Скопје Европска престолнина на културата 2028“ за Костадиновска Стојчевска несфатливо е зошто се пролонгира толку долго целиот процес.

Од Град Скопје сѐ уште немаме добиено ниту одлука која што беше изгласана на последната седница на Град Скопје, а ниту сме ја добиле документацијата како што напоменав и пред неколку дена кога сето тоа ќе го добиеме ние сме подготвени во Министерството за култура веднаш да се фатиме за работа, народски кажано, за да го надоместиме времето кое беше изгубено до сега, со се она што му следи на тој проект како надзор на проектот итн, изјави минситерката костадиновска-стојчевска.

„Донесена е одлука од Советниците на Град Скопје за Универзална сала, истата се објавува во Службен гласник и понатаму се регулира примопредавање кое е неопходно да се уреди со договор кој треба да го прецизираат Градот Скопје и Министерството за култура, се вели во дописот од Град Скопје“.

Во најскоро време е предвидена и јавна дебата со филмските работници на која ќе се дискутира за сите проблеми со кои се соочува филмската фела и можни решенија за истите.

Ќе споделиме како до сега се финансирале проекти, колку од тоа се видливи проекти, како можеме да се приклучиме кон оној пилот проект на ЕУРОИМАЖ за снимање на телевизиски серии нешто што кај нас долго време изостанува со државна помош. И како сето тоа да го регулираме, дали тоа ќе бара дообработка или преработка  на законската регулатива што го регулира овој дел. Така што средина на октомври очекувам таа јавна дебата да се случи, затоа што ако тоа е поле што остана да се регулира, треба сите заедно да го направиме преку јавна дебата, рече министерката.

Денеска точно на пладне беше отворен системот за електронско пријавување на Конкурсот за поддршка на проекти од национален и јавен интерес во културата за 2024 година. Министерството за култура  за 2024 година направи дополнување на постојните области и дејности со нова буџетска програма – креативни индустрии. Тоа значи дека во предлог-буџетот за 2024 година ќе се отвори нова програма со посебни финансиски средства.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе