Вести Култура

Јани Бојаџи и Дејан Милошевски со протестен перформанс против Агенцијата за филм

Режисерот Јани Бојаџи и продуцентот Дејан Милошевски денеска одржаа перформанс пред зградата на Агенцијата за филм , во знак на протест против одбиените проекти , во последниве 7 години од Агенцијта за филм. Порачаа дека поради припадност на различни политички идеологии против нив власта спроведува прогон и ги повикаа надлежните институции да ја спречат дискриминацијата врз нив. Од Агенцијата за филм ги демантираа нивните наводи и најавија тужба за клевета.

Дојдоа пред Агенцијата за филм, поставија пред вратата дрвена бариера со жици, на паното го испишаа името на нивниот проект „Русите доаѓаат во Шугарленд“ и нацртаа мета за отстрел. Со овој перформанс режисерот и сценарист Јани Бојаџи и продуцентот Дејан Милошевски, протестираа против, како што рекоа, политичкиот и уметнички прогон што им се врши од Агенцијата за филм, со одбивање на повеќе од 10 проекти во изминатите години, меѓу кои е и последниот „Русите доаѓаат во Шугарленд“. Рекоа дека проектите им се одбиени поради припадност на различни политички идеологии и дека прогонот од владата и Агенцијата за филм е во спрега со Друштвото на филмски работници.

Седум години нашите проекти се одбивани и отфрлени со јасна и недвосмислена цел – уништување на нашите кариери, уништување на нас како творци, а на крајот и наше уништување како луѓе, затоа што уметникот и творецот не постои, ако не постои и неговото творештво, вели сценаристот и режисер Јани Бојаџи.

Ги повикаа Јавното обвинителство, Антикорупциската и Комисијата за антидискриминација да ја спречат политичката стигматизација, сегрегација и дискриминација врз нив од страна на власта. И ја охрабрија министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска, да ги ослободи заробените институции од неколку салиериевци, за кои кажаа дека користат методи од комунизмот.

А, од Агенцијата за филм ги демантираа наводите на Јани Бојаџи, со објаснување дека првиот негов финансиран филм од актуелната власт е „Ругање со Христос“. Велат дека не постои никаква дискриминација по било каква основа и негираат дека за оценувањето на проектите на Бојаџи биле ангажирани посебни рецензенти. Од таа причина најавија тужба за клевета, на упатена преставка од режисерот до Комисијата за антидискриминација.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Од утре стартува гласањето за двојните избори, ќе гласаат болните, немоќните и затворениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе