Вести Култура

Во финална фаза постапката за времено отстапување на Универзална сала на Министерство за култура

Во финална фаза е постапката за времено предавање на објектот на Универзална сала од Град Скопје на Министерство за култура. Носител на избраната апликација за титулата „Скопје Европска престолнина на културата 2028“ е Универзална сала. Реконструкцијата стагнираше повеќе од една година поради ставот на Арсовска дека проектот за обнова е небезбеден, но сепак Градот одлучи да го предаде објектот на Министерство за култура по иницијатива на советниците од Град Скопје додека се реконструира.

-Оваа постапка која е во последниот квартал мислам на извршување, Министерството за култура треба само да го доврши и натаму да почне новата постапка која што е за средување на внатрешноста на самиот објект, така што ова е отпочнат проект само продолжува со својата реализација и во рамки на динамиката која што беше претходно утврдена верувам дека навремено ќе биде завршен, рече градоначалничката арсовска.

-Кога ние ќе ја добиеме целосната документација и одлука од Град Скопје веќе имаме тим од Одделот за капитални инвестиции, имаме и тим од надворешни соработници кој што ќе го погледнат проектот и ќе донесат одлука како понатаму ќе постапиме, односно согласно динамиката која што е утврдена, но тоа не значи дека нема да ги спроведеме сите потребни постапки како надзор при реконструкцијата за Универзална сала да биде реконструирана, рече министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Во врска со 20 милиони евра кои треба да ги одвои Владата за проектот „Скопје Европска престолнина на културата“ Костадиновска – Стојчевска рече дека ќе има посебен тим составен од внатрешни и надворешни експерти кои ќе ги разгледуваат проектите и согласно тоа ќе ги распределуваат средствата за нивна реализација. Во овие средства не е вклучена реконструкцијата на Универзална сала.

Но во таа помош што Владата ја понуди Скопје 2028 не се предвидени средствата за реконструкција на Универзална сала бидејќи тие средства веќе се наоѓааат во Град Скопје на посебна наменска сметка кои што ние ќе ги повлечеме согласно документацијата на Министерство за култура, затоа што тие средства беа доделени од владата токму за таа намена, рече министерката.

Во рамки на прес конференцијата за престижната титула кое ја доби Скопје, во своето обраќање евроамабасадорот Дејвид Гир честитајќи им на тимовите,  упати порака да се искористи можноста со љубов и грижа, да се посвети внимание и на некои знаменитости кои полека го губат својот блесок како што е Шалтер салата во Пошта, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и Универзалната сала и истите да бидат главно место за креативни активности.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе