Култура

Влијанието на суровиот капитализам врз луѓето во фокусот на новата премиера во Драмски театар

Ефектите од корпоративниот капитализам врз животите на современите луѓе ќе бидат прикажани на сцената на Драмски театар со премиерната изведба на претставата „ Фирма“, во режија на Нела Витошевиќ. Со оваа изведба на 03.октомври започнува 16 издание на фестивалот на Регионалната унија на театри- РУТА. Тв Телма е негов медиумски покровител.

Ефектите од капитализмот врз животот на современиот човек, ја прават главната тема во претставата „ Фирма“, со чија премиерана изведба Драмски театар на 03. октомври го стартува 16 издание на Фестивалот на регионалната унија на театри-РУТА. Претставата, по текстот на современиот германски драматичар Роланд Шимелфениг ја постави режисерката Нела Витошевиќ, која го направи и музичкиот избор за проектот.

  • Идејата беше да прикажеме еден суров, корпоративен свет, кој што е огледало на капиталистичкото општество, преку конфликтни релации на 6 карактери кои се тркаат да стигнат до врвот на хиерархиската пирамида, вели режисерката Нела Витошевиќ.

Кариеризмот, личниот интерес и отуѓеноста, наспроти љубовта и социјалните релации, се главните белези на осамените ликови во оваа психолошка драма.

  • Овие луѓе се борат со својата празнотија. А, од друга страна се трудат да се сфатат самите себе си, малку подобро, вели актерката Ивана Павлаковиќ, која гостува во претставата.

Обликуваниот сценски простор како ринг од Константин Трпеноски, кој актерите ќе го делат на сцената со 90 гледачи, за нив е посебен предизвик.

  • Да се тргнеме од онаа наша театарска игра и малку повеќе да влеземе во таа филмска артикулација на нештата. Затоа што таа игра е нешто што ќе ја донесе таа суптилност од секојдневното живеење, што се обидуваме да го претставиме, вели актерот Филип Трајковиќ.

Покрај претставата „ Фирма“, билетите се веќе распродадени и за „ Самрак на боговите“, со која на РУТА во Скопје доаѓа Белградскиот драмски театар. За останатите 4 претстави, на фестивалот што ќе трае до 8 октомври, сеуште има билети.

Сотир Трајков

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 МНТ со праизведба на  „ Хенгинг Араунд“, а Драмски театар со премиера на „ Хеда Габлер“

Дејан Дејан

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе