Вести Култура

Театарот – неисцрпна инспирација за едукација на децата

Театарот со неговите алатки е неисцрпна инспирација за едукација на децата, во подготовката за предизвиците во овој свет. Ова е дел од пораката на претседателот Стево Пендаровски , покровител на второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „ Игор Маџиров“, кој започна синоќа, во организација на Театарот за деца и младинци, од Скопје. Фестивалот ќе трае до 30 септември, посветен е на малите театарски форми, а на него ќе бидат прикажани 8 претстави во натпреварувачката програма, во изведба на театри од Шпанија, Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. Покрај жирито од возрасни професионалци, ќе има и детско жири што ќе додели една награда. А, ќе се одржат и две работилници за куклен театар. Фестивалот го отворија домаќините , со изведба на наградуваната претстава „ Роња, ќерката на ограбувачот“.

  • Децата со нивните чисти срца треба да се подготвуваат за сите предизвици во овој свет. И растејќи да учат како благородно да им се спротивстават на неправдите на не секогаш сјајно осветлените животни патеки. Приказните и ликовите , претставени преку алатките кои ги нуди театарот се неисцрпна инспирација за едукативните процеси. Но, и за личното, интимно созревање, се вели во пораката на претседателот Стево Пендаровски , прочитана од актерот Мартин Јорданоски. кажа Катарина Илиевска- Силјановска, директорка на Театарот за деца и младинци, отворајќи го фестивалот.

 

  • Детскиот театар претставува еден од столбовите на кој се гради идентитетот и културата на една земја. Публиката за која го создаваме е највредната и најискрената. И затоа имаме света обврска кон создавањето на овие претстави, да пристапиме кон нив со најголема посветеност и љубов, онака, како што само децата знаат тоа да го направат , кажа Катарина Илиевска- Силјановска, директорка на Театарот за деца и младинци, отворајќи го фестивалот.

 

  • Морам да признаам дека сум многу возбудена. После долго време ја играме дома претставата. Има сеуште луѓе што ја немаат гледано тука кај нас. Така што едвај чекам да им покажеме што сме направиле, кажа Матеа Јанковска, наградена актерка од претставата „ Роња, ќерката на ограбувачот“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе