Култура

Дејан Дуковски: Владимир Ендровски- Љац, актер со големо срце и поглед на дете

Кога ќе помислам на тебе, ќе ми дојде топло на душата, зашто ти беше таков, со големо срце и поглед на дете. Ова е дел од последниот поздрав на нашиот драмски писател Дејан Дуковски, прочитан на денешната комеморација во МНТ, по повод смртта на актерот Владимир Ендровски- Љац. Тој почина минатиот месец , на 60 годишна возраст по долго боледување. А, по него остануваат маестрално одиграните рољи во театар, на филм и на телевизија , за да сведочат за неприкосновениот талент и леснотија со која Љац ги изнесуваше пред публиката.

  • Поминавме заедно околу овие даски низ многу работи. Разни времиња, среќни и несреќни, весели и тажни. И секогаш кога ќе помислам на тебе, ќе се насмеам. И ќе ми дојде топло на душата зашто ти беше таков, со големо срце и поглед на дете. И твојот дух ќе биде уште долго во згуснатиот воздух, зад завесата, прочита актерката Арна Шијак од текстот на Дејан Дуковски.

 

  • Во Будва , следниот ден од гостувањето , на плажа немавме ни банка во џеб, а ни се пиеше кафе. Кога наидоа колегите и не прашаа што ќе пиеме- кец на десетка ! Нарачавме кафе. Некое време влеговме во вода и до солзи се смеевме на филмовите што ги замислувавме, што би било ако не ни го платат кафето, кажа актерот Нино Леви.

 

  • Недостасуваш бе, брат! Извини , ама боли бе малку куме! Малку повеќе. Се плашам да изговорам само Владимир , за да не го збунам и Господ, за кого станува збор. Затоа ќе кажам : Владимир Ендровски- Љац. Тоа е нешто друго. Тоа значи, рече актерот Владо Јовановски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Спектаклот „Валкира“ од Вагнер за првпат пред македонската публика на 52-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе