Вести Култура

Драго Јанчар: Литературата се обидува да одговори каде ита нашата цивилизација

Поради повторувањето на историјата со војни, од типот на актуелната во Украина, мојата литература се обидува да одговори каде ита цивилизацијата. Ова го кажа Драго Јанчар, еден од најпреведуваните и најнаградувани современи словенечки писатели и драматичари.

Тој е лауреат на наградата „Прозарт“, што за особен придонес во развојот на литературата на Балканот, му беше врачена од Меѓународниот фестивал „Про- за Балкан“.

Неговото присуство во Скопје беше повод и за промоција на двата романи на Јанчар „Таа ноќ ја видов“ и „И љубовта“, чии ликови се навраќаат на настани од Втората светска војна. А, романите се напишани во слава на љубовта, како контрапункт на војната во поранешна Југославија.

Каде ита оваа цивилизација? Тоа е прашање за сите. Но, литературата се обидува да одговори. Барем мојата, како поединецот, како луѓето кои сакаат нормално да живеат понатаму се чувствуваат во војна. Има живот и во војна, не само меѓу две војни зашто всушност двата мои романи зборуваат за тоа дека љубовта е нешто важно што се одржува и во војна. Во една реченица во романот се вели дека љубовта победува сѐ, освен војната. Во војна понекогаш и љубовта е губитник, вели јанчар.

До пред петнаесетина години, Јанчар бил и граѓански активист. Критиките за проблемите од општествените политики ги пласирал поинаку од неговите творби. Денес, како што вели, пишува само уметничка литература зашто на помладите им го остава активизмот. А, потребата за присуство во јавниот простор како активист, Јанчар ја објаснува со ограничената моќ на литературата, да го менува светот.

Јас мислам дека литературата нема непосреден ефект. Зашто тоа е долг пат до срцата на луѓето, до разумот и т.н. Активизмот , се разбира има непосреден ефект. Јас секогаш ставав граница меѓу тоа кога пишувам литература  или се мешам во политички работи, во човекови права, демократија и т.н. Тогаш би напишал есеј или статија или такво нешто. Со моите текстови, со литературата, никогаш не се изјаснував. Иако некои мои драми, една е играна  и овдека во Скопје, имаа таков ефект зашто зборуваа за репресивниот апарат и чувството во атмосфера на инквизиција. И така, вели јанчар.

Во новата сезона, Турскиот и театарот Комедија ќе излезат со премиера на претстава по текстот на Јанчар „ Демнејќи го Годо“, наслов кој е парафраза на драмата на апсудот „ Чекајќи го Годо“ од Бекет.

Јанчар замина од Скопје задоволен , зашто покрај Европската награда за литература, „ Кресник“, „ Хердер“ и наградите од нашето соседство, дома за прв пат однесе награда од литературен фестивал од Македонија.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе