Вести Култура

Со ревија на етнолошки документарен филм започнаа Европските денови на културното наследство 2023

Да се подигне свеста за важноста на нематеријалното културно наследство, со евидентирање на сите негови елементи и при тоа на содветен начин да се промовира не само кај нас, туку и во светски рамки, порачаа стручните лица на почетокот на Европските денови на културното наследство.

На репрезентативната листа на човештвото, на УНЕСКО, листата на нематеријално наследство имаме веќе пет елементи впишани на таа листа. Најзначајно е да се каже, за да продолжи, да се одржува или да се сочува нематеријалното културно наследство најважно е заедниците да се свесни за неговото значење и да продолжат да ги практикуваат нематеријалните елементи, танци, народни ора, народната литература и да се одржуваат обичаите, порача координаторката Нада Андоновска .

Во рамките на ревијата на етнолошки филмови беа прикажани :„Семејството Адемови“ на Елизабета Конеска, „Голубарот“на Надица Петковиќ, „Самовилска вода“ на Владимир Боцев и „Гатачката“ на Валентина Илиевска. Филмот „Семејството Адемови“ се осврнува на Јуруците, кои фасцинираат со традиционалниот начин на живот, женските ликови и нивната еманципација.

Тоа е филм за јуручката турска заедница, која живее во источниот дел на Македонија, снимeн е во текот на повеќе години и следам едно семејство во неговите трансформации, што претставува и трансформација во заедницата, но и трансформација на самото општество и традицијата, вели елизабета конеска, авторката на филмот „Семејството Адамови“.

Филмовите се во продукција на Музејот на Македонија и Музеј Куманово. Тие соодветствуваат со темата на годинашното издание на манифестацијата во нашата земја „Живо наследство“, која е прифатена како мото во повеќе европски држави.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не стивнуваат страстите во соседна Грција по инаугурацијата на Силјановска Давкова, Мицотакис со порака до Мицкоски

Дејан Дејан

Николоски МВР, Муцунски МНР, Кочовска финансии? Дали тројца потпретседатели од ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат за министри?

Дејан Дејан

Екстрадиран Бесим Красниќи од Косово во Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе