Култура

Новата сезона на Драмски театар започнува со фестивалот РУТА

Драмски театар ја започнува новата сезона на 3 октомври со отворање на 16 издание на фестивалот на регионалната унија на театри- РУТА. Отворањето ќе биде со премиера на претставата „ Фирма“, која по текстот на современиот германски  драматичар Роланд Шимелфениг, ја подготвува режисерката Нела Витошевиќ. Во рамките на РУТА, која делува од 2019 година, а чија цел е размена и соработка меѓу  нејзините членки, Витошевиќ ќе биде присутна и со нејзината режија на Ибзеновата „ Нора“, во продукција на Градскиот театар од Љубљана.

  • Оваа соработка во РУТА овозможи Нела да излезе надвор од границите на РСМ. Исто така, сите останати кои што гравитирале надвор од државата во подготовки на претставите во театари во регионот, имаат шанса да ги прикажат тие претстави во кои што делувале или режирале и да бидат ставени на РУТА. Тоа е случајот со режисерот Дејан Пројковски, кој доаѓа со претстава , работена во Градскиот театар во Подгорица, рече Викторија Рангелова- Петровска, в.д. директор на Драмски театар.

Покрај изведбата на „ Декамерон“ , во режија на Пројковски, на фестивалот што ќе трае до 8 октомври, учествуваат: Камерниот театар 55 од Сараево, со претставата „ Син“ од Флориан Зелер, Белградскиот драмски театар со „ Самрак на боговите“, во која игра познатата актерка Бранка Катиќ  и хрватскиот театар Улисис, со  Шекспировата трагедија „ Отело“. Заеднички именител за сите нив е потребата од потсетување, за нештата да не се повторат и да се подобрат.

  • Практично претставува за секој од нас посебно, еден пресек на вкупните театарски состојби, на просторите на поранешна Југославија, вели Софија Куновска – актерка и член на бордот на РУТА за Македонија.

Новитет на ова издание на РУТА, на кое Драмски по втор пат е домаќин, се тркалезните маси, што ќе се одржуваат по изведбите на претставите. Билетите веќе се пуштени во продажба. Поединечните се по цена од 1000 и 1200 денари, а блок билетите се од 3900, 4200 и 4900 денари. Медиумски покровител на фестивалот е нашата Телевизија Телма.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Спектаклот „Валкира“ од Вагнер за првпат пред македонската публика на 52-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе